17 Мај, 2024
0.3069

Папата Франциск со остри осуди кон Доналд Трамп

Објавено во: Свет 18 Февруари, 2016

Добивај вести на Viber

Папата Франциск ги стави под знак прашалник христијанските обедувања на кандидатот за претседател на Соединетите Американски Држави (САД) од редовите на Републиканската партија, Доналд Трамп, кој повикува на подигање на ѕид долж границата со Мексико, пренесува „Би-Би-Си“.

„Личност која размислува само на градење ѕидови, каде и да било, а не на градење мостови, не е христијанин“, изјавил папата пред крајот на неговата посета на Мексико.

Коментарот на папата Франциск се однесува на изјавите на Трамп на неговите јавни настапи, во кои како претседателски кандидат најавува и дава отворена поддршка на поставувањето ѕид на границата со Мексико, како и депортирање на речиси 11 милиони имигранти без документи.

Американскиот бизнисмен, пак, во обраќање на собир во сојузната држава Јужна Каролина, како одговор на коментарите на папата рекол дека „е срамно за еден верски лидер да ја преиспитува верата на друг човек“.

“Ниту еден лидер, особено верски, нема право да ја преиспитува религијата или верата на друг човек. Папата искажа негативни работи за мене, бидејќи мексиканците го убедиле дека Трамп не е добар човек“, пренесува „Би-Би-Си“ дел од изјавата на Трамп.

Инаку, американскиот претседателски кандидат во неколку наврати ја промовираше својата антибегалско-миграциона политика, отворено велејќи дека ниту еден бегалец нема да стапни во САД.

Претхондо пак, вниманието го привлече со контраверзниот предлог, во кој предложи да им се забрани влез на сите муслимани во американските земји.

Оваа политика на Трамо предизвика бура од реакции и осуди на социјалните мрежи, но од друга страна пак анкетите покажуваат дека републиканецот добива поддршка и на меѓународно ниво.

Можеби ќе ве интересира

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра