Пандемијата ништо не им може: 18 земји без ниту еден заразен со коронавирусот
Објавено во: Свет, Корона Вирус 04 Април, 2020
Од 193 земји-членки на ОН, до 2 април 18 земји не пријавиле ниту еден случај на заразен со Ковид-19, јави Би-Би-Си, кои ги користат податоците од универзитетот Џонс Хопкинс.
Тие 18 држави се: Комори, Кирибати, Лесото, Маршалски Острови, Микронезија, Науру, Северна Кореја, Палау, Самоа, Сао Томе и Принципе, Соломонски Острови, Јужен Судан, Таџикистан, Тонга, Туркменистан, Тувалу, Вануату и Јемен.