19 Мај, 2024
0.0331

ПАМЕТНИ ОЧИЛА: конкуренцијата пристигна и тоа двојно поевтина!

Објавено во: Свет, Стил 18 Февруари, 2015

Добивај вести на Viber

Sony упатува предизвик за Google Glass, објавувајќи го ставањето во промет на Sony SmartEyeglass - паметни очила, кои можат да бидат порачани. Тие се значително поевтини, иако се далеку од идејата за нешто елегантно, пишува Cnet. Ова се првите паметни очила на Sony, кои излегуваат на пазарот. Од март месец тие ќе бидат достапни во САД, Велика Британија, Германија и Јапонија на цени односно од 840 долари, 520 фунти, 670 евра и 100 илјади јени. Прелиминарните нарачки почнуваат денеска во Велика Британија и Германија. Освен тоа ќе се продава на бизнис корисници во Франција, Италија, Шпанија, Белгија, Холандија и Шведска. Паметните очила имаат транспарентен екран во леќите, така што корисникот може да гледа функции, како електронска пошта и известувања кои пловат пред неговите очи. Кога ќе се поврзат со smartphone, очилата може да прикажуваат информации или да кажуваат што се случува со неговите апликации. wikitude_v2 SED-E1 ги прикажува информациите само во зелена боја. Батеријата им издржува околу 2 часа и 30 минути. Иако постојат многу високотехнолошки очила на пазарот, најпознатите до моментов остануваат Google Glass. Тие беа едни од најраните уреди во сегментите кои го поттурнаа трендот за правење на повеќе преносни уреди. Претходно оваа година Google сепак престана да ги продава. Тие се нудеа по цена од 1500 долари и беа достапни само во ограничени количини. Идејата на компанијата никогаш не била тие да бидат за масовна употреба. К.К.

Можеби ќе ве интересира

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто