19 Мај, 2024
0.0261

Пакомак и Тинекс маркетите во акција за пролетно чистење на подрумите

Објавено во: Мои пари 30 Април, 2015

Добивај вести на Viber

Пред 10-тина дена Пакомак и Тинекс маркетите го активираа локалното население во акцијата „Пролетно чистење на подрумите“. Одзивот на граѓаните на оваа интересна иницијатива на Пакомак  беше огромен, а многумина коментираа дека оваа акција конечно ги мотивирала да си ги средат подрумите и шпајзовите во кои стаклото што не се употребува, со години фаќа прав и пајажина.

pakomak 6

Во седум Тинекс маркети во Скопје викендот од 17 до 19 април, соседството активно носеше дел од својот „подрумски инвентар“ во специјализираните контејнери за стакло поставени пред маркетите.

pakomak 5

За 7 шишиња или тегли, граѓаните добиваа пролетно семе за цвеќе за своите тераси и дворови.

pakomak 4

Во Тинекс маркетите (Тинекс кај Раде Кончар, Тинекс Зебра, Тинекс кај Драмски театар, Тинекс на улица Првомајска, Тинекс во Карпош 3, Тинекс кај Годел, Тинекс во Хром) во само два дена беа собрани повеќе од 10.000 килограми стакло, односно приближно 33.400 тегли и шишиња.

pakomak 3

„Навистина сме задоволни од одзивот и од ентузијазмот на граѓаните во оваа акција. Организирање на собирањето на стаклото како отпад од пакување ни е вистински предизвик и еден од приоритетите за оваа година, секако не занемарувајки ги останатите матерјали за кои веќе петта година успешно организираме нивно собирање и рециклирање. Можам да констатирам дека трендот на правење зимница опаднал, но и дека семето за цвеќе навистина ги радува домаќинките. Ги повикувам сите да се ослободат од стаклото кое повеќе не го употребуваат и кое зафаќа драгоцен простор, а ние ќе се погрижиме истото да заврши на рециклирање“ - изјави Ико Брдароски, Менаџер за грижа на корисници во Пакомак.

pakomak 2

И Тинекс маркетите постојано се трудат да ги идентификуваат вистинските потреби и да овозможат поддршка на проекти од општествено значење и подобрување и унапредување на околината. Заедно со Пакомак и со потрошувачите покажаа висока свест и одговорност кон животната средина и еден од најголемите  предизвиците на современото живеење - отпадот.

pakomak 1

Стаклото зафаќа голем дел од домаќинскиот и индустрискиот отпад, сметајќи на тежината и на густината на материјалот. Се произведува од природни материјали како кварцен песок, сода и вар и е идеален материјал за рециклирање, бидејќи може да се рециклира бесконечно. Процесот на рециклирање на стаклото во зависност од крајната употреба, често вклучува и раздвојување по бои, односно проѕирно, зелено или кафено стакло. Користењето на рециклирано стакло придонесува до заштеда на енергија и намалување на количината на амбалажниот отпад во околината.

Пакомак ќе продолжи со акцијата на собирањето на амбалажен отпад од стакло, но и со разубавување на терасите и дворовите на граѓаните кои ќе донесат 7 тегли или шишиња кои не планираат да ги користат за зимница.

Можеби ќе ве интересира

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО