17 Мај, 2024
0.0781

Падот на лирата им донесе незаслужен статус, Турците стануваат „милионери“ на хартија

Објавено во: Економија 06 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Околу 18 илјади Турци станале нови милионери откако вредноста на турската национална валута достигна рекордно ниско ниво, информира „Хуриет дејли њуз”. Падот на лирата носи инфлација, па според тоа се зголемува и богатството на хартија кај турските државјани.

Бројот на турски милионери се зголемил во последните пет месеци од 138.980 на 156.866 со падот на лирата, покажуваат податоците на Агенцијата за банкарска контрола и регулација.

Турските милионери во земјата и во странство имаат вкупно 1,37 трилиони турски лири. Од нив 141.753  живеат во Турција, а 15.133 во странство. Просечно на секој од турските милионери му припаѓаат по над шест милиони лири.

Годишната инфлација во Турција се зголеми над 15 проценти во минатиот месец, првпат по околу 15 години, напомнува весникот. Турската лира, истовремено, загуби речиси 20 отсто од својата вредност во однос на доларот оваа година.

Можеби ќе ве интересира

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија