„Падна“ договор за собраниските комисии
Објавено во: Македонија 10 Септември, 2020
„Падна“ договор меѓу партиите за собраниските комисии.
Координаторите на пратеничките групи ја договорија работата на собраниските комисии.
ДУИ ќе раководи со комисиите за европски прашања, за здравство и за уставни прашања, коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива ќе има свој кадар на Анкетната комисија и на комисијата за труд и социјала, БЕСА со култура, а останатите 16 комисии се делат меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ подеднакво.
Во Собранието има 21 комисија.За утре собранискиот претседател Талат Џафери најави и средба со новинарите на која ќе се дискутира за тековните активности во Собранието.