Оваа земја е најгостопримлива на светот
Објавено во: Свет 27 Јануари, 2017
Јапонската гостопримливост е надалеку позната.
Ритуалот на пиење чај, декорирање на масата, поставување цвеќе, користење одреден прибор, е нешто на што домаќините обрнуваат внимание, а воедно и гостите го ценат.
Самураите имале код на однесување, морал, дисциплина и чест. Тоа е втемелено во будизмот. Од мали нозе Јапонците се учат дека ако некој за нив направи нешто добро, тие мора да му возвратат на ист начин.
Доброто се става пред своите лични потреби.
Ако некој гради куќа, Јапонците на соседот му носат подарок.
Во Јапонија гостољубиви се и машините. На такси возилата им се отвораат вратите штом ќе им се приближите, а лифтот се извинува затоа што долго сте го чекале.