19 Мај, 2024
0.0335

Оваа држава може да се претвори во даночен рај

Објавено во: Свет 15 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Една земја на стариот континент е на пат да стане даночен рај. 

Со заминувањето од ЕУ, Британија може да се претвори во даночен рај на Европа, посочи министерот за финансии на земјата Филип Хамонд, цитиран од Independent.

Премиерот на земјата, Тереза ​​Меј ќе ги сподели своите планови за Брегзит со парламентот во вторникот. Очекувањата во Лондон се дека таа ќе предупреди за можност за излегување од единствениот европски пазар, царинската унија и јурисдикцијата на Европскиот суд.

Велика Британија ќе се обиде да го ограничи и бројот на мигрантите од ЕУ во земјата.

Претходно Хамонд коментираше за германското издание Welt am Sonntag дека излегувањето од ЕУ и губењето на пристапот до единствениот пазар ќе доведе до загуби за економијата. Затоа и земјата може да премине кон мерки кои треба да ја задржат конкурентноста глобално. Една од нив е намалувањето на даноците.

„Бидете сигурни дека ќе го направи она што е потребно"- рече уште тој на прашањето дали Велика Британија ќе стане даночен рај. 

Ако земјата излезе од ЕУ без пристап до пазарот, ќе бидеме принудени да го промениме економскиот модел, дополни тој.

Хамонд ги коментира уште и плановите за ограничување на миграцијата, какви беа пораките на Британците за време на референдумот. Тој објасни дека во моментот Лондон нема никаква контрола врз политиката за миграција.


Можеби ќе ве интересира

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто