18 Мај, 2024
0.0271

Оваа девојка преживеала пад на авион, со денови талкала низ шума пред да ја спасат!

Објавено во: Свет 14 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Американската тинејџерка Отом Веч која ја преживеала авионската несреќа во шумските планини во државата Вашингтон, откако „неколку дена“ талкала во дивината и стопирала по исклучително тешки и брдовити терени, ја собрал моторист и ја однел на безбедно. Судбината на нејзините баба и дедо уште е непозната, пишува британски Гардијан.

Членовите на семејството претходно ја информирале полицијата дека малиот приватен авион Beech A-35 не стигнал од Калисепја, Монтана во Лајден во државата Вашингтон во неделата попладне. Спасувачите го пребарале местото, но немало ни трага од патниците се додека не дознале дека една од патничките, шестнаеет годишната Отом Вач е жива. Авионот ја поминал границата Идахо-Вашингтон во 14.20 ч во саботата, а од радарот исчезнал околу час време подоцна. Последниот телефонски сигнал е регистриран во 15.50 минути.

Девојката ја нашол моторист во понеделникот после пладне и ја однел во продавница во Мазам, нешто помалку од 50 км источно, каде вработените повикале 911. Девојката е однесена во болница, а според првите извештаи изгледа дека е полесно повредена. „Нашите првични информации велат дека не се здобила со никакви повреди опасни по живот“, рекол Скот Грахм, извршен директор на Три риверс болницата и додал дека девојката малку дехидрирала.

autumn1

Продолжува потрагата по остатоците од авионот

Шерифот на округот Окангон Франк Роџерс рекол дека девојката „одела неколку дена“. Одбил да коментира што е со другите двајца патници кои биле во тој авион.

Серена Локвуд, менаџерка во продавницата во која девојката е донесена вели дека по доаѓањето била прилично трауматизирана. Спасувачите го прославиле нејзиното пронаоѓање, но веднаш се вратиле на понатамошна потрага по остатоците од авионот.

Таткото на девојката рекол дека ќерката му раскажала дека авионот се урнал и запалил. Девојката останала на местото на несреќата еден ден пред да одлучи да бара помош, а на крај ја пронашла на автопатот 20. Тој рекол дека неговата ќерка се обидела да ги извлече баба си и дедо и Леланд и Шерон Бовман од авионот но не успеала.

Можеби ќе ве интересира

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто