Ова се најголемите закани за човештвото - од нив може да исчезнеме
Објавено во: Свет 05 Февруари, 2017
Истражувачи од Универзитетот Оксфорд во Велика Британија сметаат дека има закани кои можат да доведат до уништување на човештвото.
Според нив, ако државите не преземат мерки може да исчезнеме.
Опасности се климатските промени, пандемии и нуклеарна војна.
Истражувачите велат дека земјите не вложуваат доволно напори за да ова се спречи.
Студијата носи наслов „Егзистенцијален ризик. Дипломатија и управување“.
Се повикуваат светските лидери и моќници посебно внимание да обрнат на овие закани.