29 Април, 2024
0.0248

Ова се 10-те најбезбедни авиокомпании во светот!

Објавено во: Стил 14 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

Mинатата година беше задоволство да се патува со авион, a 2012 e прогласена за една од најсигурните години во авио сообраќајот кога е постигнат и нов рекорд за безбедност. Најбезбедно е да се лета со „Finnair“, а „Lufthansa“ е на единаесетто место. За рејтинзите и безбедноста секако е заслужна германската агенција за истрага на несреќи JACDEC, а списанието „Aero International“ ја објави престижната листа на најбезбедните светски авиокомпании. Бројот на смртните случаи во 2012 година бил 496, за  две лица помалку од претходната 2011 кога имаше 498 жртви, а бројот на паднатите авиони од 45 се намали на 44. Процентот на несреќи на познатите авиокомпании исто така се намалил. Најбезбедните воздухопловни региони се наоѓаат во Европа, но исто така и во Северна и Латинска Америка. Проблематични и ризични области се Африка, Русија, Пакистан и Непал. Најчести несреќи биле предизвикани поради излегување од пистата, при полетување и слетување. Друг проблем е тешкиот сообраќај, како и уморните екипи во пилотската кабина. Еве и листата со десетте најдобри безбедни авиокомпании за 2012 година: Прво: Finnair (Финска) Оценка за безбедност според JACDEC: 0.005 Второ: Air New Zealand (Нов Зеланд) Оценка за безбедност според JACDEC: 0.007 Трето: Cathay Pacific Airways (Хонг Конг) Оценка за безбедност според JACDEC: 0.007 Четврто: Emirates (Обединети Арапски Емирати) Оценка за безбедност според JACDEC: 0.008 Петто место: Etihad Airways (Обединети Арапски Емирати) Оценка за безбедност според JACDEC: 0.008 Шесто место: EVA Air (Тајван) Оценка за безбедност според JACDEC: 0.009 Седмо место: TAP Portugal (Португалија) Оценка за безбедност според JACDEC: 0.009 Осмото место: Hainan Airlines (Кина) Оценка за безбедност според JACDEC: 0.010 Деветто место: Virgin Australia (Австралија) Оценка за безбедност според JACDEC: 0.010 Десетто место: British Airways (Велика Британија) Оценка за безбедност според JACDEC: 0.011

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти