19 Мај, 2024
0.0299

Фондацијата на семејството Битов спонзорира нова образовна програма во соработка со CESO (Canadian Executive Service Organization) за првпат во Македонија

Отворање на програмата за претприемачи на семејството Битов во Скопје

Објавено во: Мои пари 29 Март, 2018

Добивај вести на Viber

CESO (Canadian Executive Service Organization) е организација за економски развој, која соработува со партнери и клиенти за да создаде одржливи решенија за долгорочен економски и општестевен пораст. Благодарение на Фондацијата на семејството Битов, Македонија2025 во партнерство со CESO ја основа Програмата за претприемачи на семејството Битов, со цел да се поддржи развојот на македонските микро, мали и средни претпријатија (МСП). Програмата ќе биде официјално отворена на 17-ти април во Скопје.

По тој повод, Венди Харис – Претседателка и Главна извршна директорка на CESO, Лу Наумовски – член на Советот на експерти во Македонија2025 и еден претставник на Фондацијата на семејството Битов, ќе ги презентираат сите инволвирани страни во програмата, главните цели и придобивки за македонските компании.


Програмата има за цел да регрутира македонски компании кои имаат специфични потреби и потоа истите да се спојат со најсоодветен профил на канадски советници, кои ќе престојуваат од две до четири недели во Македонија за да ги советуваат компаниите. Индивидуалните задачи на советниците можат да бидат со определена компанија односно еден советник – една компанија или пак може да имаме еден советник кој ќе работи во повеќе компании одеднаш.“ – изјави Лу Наумовски, главниот иницијатор за воведување на програмата во Македонија.

CESO е организација посветена на економскиот развој. Со повеќе од 50 години искуство во развој на МСП низ целиот свет, нашето партнерство со Програмата за претприемачи на семејството Битов и Македонија2025 ќе биде одлична можност да се поддржат македонските бизниси на сеопфатен, одржлив и видлив начин.“, нагласува Венди Харис, Претседателка и Главна извршна директорка на CESO.

Сите македонски микро, мали и средни компании, кои работат во областа на финансии, туризам и угостителство, информациски технологии, агри-бизнис и менаџмент на природни ресурси, се добредојдени да аплицираат за програмата и да присуствуваат на официјалното отворање во Скопје.

За сите дополнителни прашања, контактирајте нè на elena@macedonia2025.com


Можеби ќе ве интересира

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО