ОТВОРАЊЕ НА КАЗИНАТА И ХОТЕЛИТЕ: Комисијата за заразни болести даде препорака
Објавено во: Македонија 22 Јуни, 2020
Членовите на Комисијта за заразни болести денеска едногласно одлучија да дадат препорака на Владата за отворање на казината и хотелите.
Во изјава за Фактор велат дека овие субјекти во земјава имаат одлични протоколи и се е подготвено по сите светски стандарди за заштита на здравјето и спречување на ширењето на епидемијата во земјава.
Сметаат дека е вистинско време да се отворат казината и хотелите, пред се и заради враќање на вработените на своите работни места и како што очекуваат, овие субјекти уште од утре ќе почнат непречено да фунционираат.