17 Мај, 2024
0.0322

ОТСЕЧЕНИ СО МЕСЕЦИ: Беровчани немаат превоз до Скопје и соседните градови

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 12 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Откако почна пандемијата на коронавирусот, Берово нема автобуски линии кон Скопје и околните градови.

Ова е сериозен проблем за граѓаните од сите возрасти. Тие се принудени да патуваат со сопствени возила, а доколку таа опција не им е на располагање се снаоѓаат како знаат и умеат. Жителите на овој туристички град на Истокот велат дека вака не било досега.

„Немањето превоз е доста голем проблем за беровчани. Луѓето патуваат со автомобили, но има и средношколци кои треба да одат во Скопје или Штип, а превоз нема. Не секој има автомобил.  Младите полесно се снаоѓаат, а постарите ако требало да заминат некаде, одложуваат. Порано одеа луѓето во Делчево за прегледи, во нивната болница, а сега ако имаат потреба плаќаат такси, но скапо е на тој начин. Што се однесува до туристите, тие си доаѓаат претежно со автомобили и досега немало некој од нив да се пожали затоа што нема превоз“, вели Јован Рабаџиски, жител на Берово.

Во вакви услови, на граѓаните им останува опцијата да патуваат со автобус до Кочани, па оттука да го продолжат патот до главниот град. За враќање назад, обично патуваат со автобус кој сообраќа до Пехчево.

„Јас сум жена во средни години, немам автомобил, не возам, и скоро требаше да одам во Скопје, по што барав луѓе со кои би можела да патувам. Секако дека е проблем тоа што нема превоз. Сега поради Ковид -19, не секој се решава да земе патници со себе затоа што ризик постои“, додава жителка на Берово.

Роза Терзиска која преку лето живее во Берово, а остатокот од годината е во Скопје, вели дека за неа лично не е голем проблем тоа што нема превоз, но за другите жители е потешкотија.

„Ние си патуваме со автомобил, а другите си бараат чаре во вакви услови, кој каде има потреба да патува дали во Скопје, Струмица или друг град“, рече Терзиска.

Друга жена од Берово која издава соби вели дека и жителите на градот и туристите се соочени со проблем.

„Ќе ми дојдат туристи кои ќе мора да патуваат до Кочани, па потоа најверојатно ќе се префрлат во комбе за да стигнат до Берово“, објаснува таа.

Превозниците кои сообраќаа до Берово велат дека линиите се во мирување, поради пандемијата на коронавирусот, а кога ќе бидат обновени засега не се знае.

Во Македонија освен кон градовите, и кон многу рурални средини превозот е редуциран поради пандемијата.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

ЏАФЕРИ: Има обиди за изборен инжинеринг

ЏАФЕРИ: Има обиди за изборен инжинеринг

МИЦКОСКИ ДО ГРЦИЈА: Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле договорот тогаш постои Меѓународен суд за правда

МИЦКОСКИ ДО ГРЦИЈА: Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле договорот тогаш постои Меѓународен суд за правда

MИЦКОСКИ: Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник

MИЦКОСКИ: Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник

ДИМОВСКИ РАСПАЛИ ЗА ЕУ И МИЦОТАКИС: ЕУ бара од нас да веруваме во нејзината посветеност за брзо пристапување на регионот во ЕУ?Чудно, нели?

ДИМОВСКИ РАСПАЛИ ЗА ЕУ И МИЦОТАКИС: ЕУ бара од нас да веруваме во нејзината посветеност за брзо пристапување на регионот во ЕУ?Чудно, нели?

УТРОВО ПОСТАР АДВОКАТ ПОЧИНАЛ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД - Митровски: Ова е стресна професија која секојдневно зема данок

УТРОВО ПОСТАР АДВОКАТ ПОЧИНАЛ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД - Митровски: Ова е стресна професија која секојдневно зема данок

ВРЕДИ СО ТУЖБА ДО УПРАВНИОТ СУД ПРОТИВ ОДЛУКАТА НА ДИК: и ДУИ најавува за сите седум места каде е поништено гласање

ВРЕДИ СО ТУЖБА ДО УПРАВНИОТ СУД ПРОТИВ ОДЛУКАТА НА ДИК: и ДУИ најавува за сите седум места каде е поништено гласање