17 Мај, 2024
0.2797

ОТПИС НА ДОЛГОВИ: Сметките за вода и комуналии остануваат

Објавено во: Економија 12 Август, 2014

Добивај вести на Viber

Вкупно 16 банки се јавиле на огласот на Министерството за финансии и изразиле интерес да се вклучат во владиниот проект за отпис на долгови за социјално ранливите категории граѓани. На оглсот, кој истече вчера, се пријавиле и ЕЛЕМ, ЕВН, Топлификација, МРТВ, нотарите и извршителите, што значи дека ќе се простуваат долгови и за струја, топлинска енергија, радиодифузија, нотарски и извршителски трошоци. На товар на граѓаните - социјални случаи кои ќе ги исполнат законските услови, сепак ќе останат сметките за вода и комуналии, затоа што Владата во овој проект не ги вклучи јавните претпријатија за водостопанство, кои генерираат загуби. Во следните денови треба да биде објавен огласот и за граѓаните, кои треба во Центрите за социјална помош да се пријават и да докажат дека ги исполнуваат условите за отпис на долговите. Од Министерството за финансии очекуваат целата постапка да заврши во октомври и потсетуваат дека отписот ќе биде еднократен и нема да се повторува како мерка. Се проценува дека мерката ќе опфати меѓу 50.000 и 100.000 граѓани кои имаат проблем да си ги подмират обврските. За отпишаниот долг доверителите, односно правните лица кои ќе се пријават, ќе добијат право на даночен кредит во висина на одреден процент на долгот кој нема да биде повеќе од 10 отсто од отпишаниот долг. Право на еднократен отпис на долгови ќе имаат лицата кои заклучно до 31 декември 2013 година имале статус на корисник на социјална помош или постојана парична помош, невработени лица кои подолго од една година активно бараат работа како и граѓани изложени на социјален ризик поради инвалидитет, тешка болест или смрт, под услов доколку заедно со брачниот другар имаат максимален годишен приход од 1.700 евра и не поседуваат друга недвижност, освен онаа во која што живеат.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА