ОСУДА ЗА ПУКАЊЕТО: СДСМ бара расветлување на инцидентот со Тодоров
Објавено во: Македонија 01 Јуни, 2017
СДСМ најостро го осудува инцидентот во којшто е пукано во поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров.
„Недозволиво е употреба на оружје и посегнување по нечиј живот, од која било причина, какви што се првичните информации за случајот“, соопштија од кабинетот на премиерот Заев.
Оттаму повикаа на институционално решавање на проблемите и очекуваат надлежните органи целосно да го расветлат инцидентот.