Основниот суд во Кичево му пресуди на „Ел Чека“
Објавено во: Македонија 23 Јануари, 2020 17:24
Кичевчанецот од Туин кој живее во Америка, Шеќерим Ахмети или познат како „Ел Чека“, од Основниот суд во Кичево доби условна казна затвор од една година, ако во следните две години не стори кривично дело.
„Ел Чека“ стана познат по објавувањето на Фејсбук на „бомбите“ за претседателот на ДУИ, Али Ахмети од 29 до 31 мај лани. Адвокатот Бесник Асани вели дека ќе ја обжали пресудата пред Апелациониот суд во Гостивар.
Момчето објави десетина „бомби“ за челници на ДУИ, односно сегашни и поранешни функционери на партијата, а му се судеше во отсуство. „Ел Чека“ тврдеше дека снимките ги добил од тројца обвинети во Диво Насеље.
Екс премиерот Зоран Заев лани во јули изјави дека е згрозен од разговорите и дека „Ел Чека“ ќе одговара.
Можеби ќе ве интересира
Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење
ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации
ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти
Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот
Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери
АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога
Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“




