19 Мај, 2024
0.0288

Османи: Бучковски е додадена вредност во враќањето на довербата кај Софија

Објавено во: Македонија 02 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Бујар ОСмани, министерот за надворешни работи, назначувањето на поранешниот премиер Владо Бучковски за специјален претставник на Македонија во односите со Бугарија го нарече „додадена вредност во враќањето ан довербата кај Софија“.

- Тој е добар познавач на односите со Бугарија, познавач на контекстот, кој може да биде дополнителен механизам и импулс за враќањето на довербата. Ќе ја координира комуникацијата со Бугарија. Тој е сериозна додадена вредност во враќањето на довербата, рече Османи на заедничката прес-конференција со Бучковски по средбата.

Владата го назначи поранешниот министер з аодбрана на оваа функција на синоќешната седница, а неговиот мандат ќе трае една година во услови кога Министерството за надворешни работи нема назначено постојан амбасадор во Софија.

- Создаваме низа механизми за да ја засилиме довербата во Договорот за добрососедство Работиме и на допонителни форми на акциски планови за ефикасност и имплементација на договрот. Не назначуваме техничко лице, туку поранешен премиер кој има остварено значаен придонес во односите на двете земји, додаде шефот на македонската дипломатија.

Бучковски пред новинарите рече дека очекува за една година, колку што трае неговиот мандат, да се решат отворените прашања, но и дека не очекува чуда за една недела кога Советот на министри на ЕУ одлучува за доделување на датум за преговори.

- Довербата која ја имам стекнато во бугарската јавност е јасен сигнал за мојата посветеност. Со задоволство го прифатив предизвикот бидејќи сум убеден дека можеме да дојдеме до решение, но и да го зачуваме нашето достоинство.Не знаеме дали ќе се случи чудо за една недела, но треба да се бориме до последен моментот., рече Бучковски.

Професорот рече дека со Бугарија ќе се преговара и за инфраструктурните капитални проекти, соработката во образованието, културата и медиумите. Тој додаде дека Софија очекува околностите кои се случија во последните два месеци да вродат резултат, но им порача и на бугарските политичари да не ги испраќаат пораките преку медиумите.

Можеби ќе ве интересира

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична