Орбан храбро против САД - Доста е од вашиот извоз на „демократија“
Објавено во: Свет 22 Септември, 2016
Унгарскиот премиер Виктор Орбан кој „јава“ на бранот на популизам во Европа со директните и остри изјави сега и се спротистави и на Америка велејќи дека идниот претседател на САД не треба да извезува „демократија“ во светот и да внесува поголема дестабилизација во критични региони. Спротивно, подобро е да ги почитува суверенитетот на нациите во однос на миграцијата - посочи Орбан за порталот „Ориго“.
Од овие изјави Орбан најдобро би му одговарало нов претседател на САД да стане Доналд Трамп која најави дека нема да ја меша земјата во секој конфликт во светот за разлика од Хилари Клинтон која ја поддржува интервенционистичката политика. Според Орбан претседател како Трамп најдобро би и одговарал на Европа.