Орбан: Ако Унгарија не ги запреше бегалците, Европа веќе ќе беше готова
Објавено во: Свет 29 Септември, 2016
Унгарскиот премиeр, Виктор Орбан ја повтори својата теза дека сите нелегални мигранти во Европа треба да бидат сместени надвор од територијата на ЕУ
„Ако Унгарија не ги беше исполнила своите обврски за запирање на илегалната миграција, Европа веќе ќе беше падната. Со воведувањето на строгите мерки против нелегалната миграција ние направивме она што е потребно и она што го прават најпаметните луѓе во светот од САД до Израел. Ние едноставно ја заштитиме Унгарија, а со тоа и границите на Европа“ - коментира Орбан.
Тој вели дека недостатокот на заедничка позиција на земјите од ЕУ во однос на миграциската криза е сериозен проблем.
Унгарците се подготвени да го одбијат планот за квоти за мигранти, предложен од ЕУ на референдум во неделата.
Според последните анкети "не" ќе победи, но ако не биде постигната 50% излезност, гласањето ќе биде невалидно.