17 Мај, 2024
0.0318

Oпрема од 700 илјади евра за болницата „8 Септември“

Објавено во: Мои пари 30 Август, 2013

Добивај вести на Viber

Болницата „8 Септември“ доби нова опрема од  700 илјади евра од кои само за лабораторијата потрошени се 300 илјади евра, а остатокот за ехо апарати. Промоцијата денеска ја направи премиерот Никола Груевски, кој нагласи дека владата инвестира над 100 милиони евра во здравството. Премиерот информираше и дека лабораторијата е составена од повеќе делови и апарати сите за различна функција, а беше прецизен и во однос на брзината на анализите кои ќе се прават овде. „Некои даваат резултати за половина минута, некои за минута, најдолго ќе се чека за резултат 45 минути. Еден апарат ќе прави 800 примероци за 45 минути. Оваа најсовремена опрема се става во функција на сите граѓани коишто ќе побараат помош. Втората група на апарати се ехо-апаратите. Еден од нив, во овој момент е единствен од таков вид на Балканот“, изјави премиерот. Беше најавено дека се чека во болницата да дојдат и осум лекари од САД што ќе ги обучуваат македонските колеги македонските колеги, а министерот за здравство Никола Тодоров посочи и дека кадровски болницата е зајакната со 70 нови вработувања. „Имаме 15 преземања на специјалисти, вкупно, од приватно во јавно здравство, овде во новата градска болница, што овозможува најголем дел од амбулантските кабинети, пет дена да имаат две смени, пректично уште повеќе да се растерети гужвата“, изјави министерот.

Можеби ќе ве интересира

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Н.Д. ОД ТЕТОВО ГО ОСВОИ НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ

Н.Д. ОД ТЕТОВО ГО ОСВОИ НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ

Бимилк го прослави светскиот ден на семејството: НТЦ семинар за вработените и стручните лица од образовните институции со д-р Ранко Рајовиќ

Бимилк го прослави светскиот ден на семејството: НТЦ семинар за вработените и стручните лица од образовните институции со д-р Ранко Рајовиќ

„Макпетрол“: Со позитивна енергија во Градски Парк да застанеме на патот на врсничкото насилство

„Макпетрол“: Со позитивна енергија во Градски Парк да застанеме на патот на врсничкото насилство

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени

14 македонски студентки по технички науки на првиот глобален состанок на иницијативата Global Engineer Girls на Групацијата Лимак

14 македонски студентки по технички науки на првиот глобален состанок на иницијативата Global Engineer Girls на Групацијата Лимак