01 Мај, 2024
0.0272

Онлајн-промоција на книгата за деца „Јас сум Акико“ од српскиот писател Стефан Тиќми

Објавено во: Мои пари 14 Април, 2021

Добивај вести на Viber

Книгата за деца „Јас сум Акико“ од српскиот автор Стефан Тиќми ќе биде промовирана онлајн во петок (16 април) во 19 часот на фејсбук-страницата на издавачката куќа „Арс Ламина“. Македонското издание на овој роман е објавено од „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, а корицата ја изработи нашиот илустратор и автор Ване Костуранов. „Јас сум Акико“ говори за едно девојче со пеги кое не ги сака границите, а Филмскиот центар на Србија минатата година го поддржа проектот да се адаптира делото во сценарио за долгометражен цртан филм.

Разговорот со авторот Тиќми ќе го води уредничката во „Арс Ламина“ Оливера Ќорвезироска. „Јас сум Акико“ досега има добиено голем број награди меѓу кои и за најдобра книга за деца од „Политикин забавник“, а исто признание го освои и на Саемот на книга во Херцег Нови. Младиот писател од Лесковац е познат и по тоа што во населбата Анчики блиску до неговиот роден град, во напуштена куќа направил мала бесплатна библиотека со 5000 книги. Воедно, пошироката јавност го знае и како преведувач на поезија на знаковен јазик.


 
Главен лик во романот е Акико, која го сака својот татко, кожата ѝ мириса на стара хартија и често е осамена. На другите им изгледа необично, но животот ќе ѝ се смени благодарение на Баобаб и Марсело. Ова е мудра книга и многу ставови што ги истакнува Акико за родителската љубов, за внатрешниот свет, за извртената стварност, за пријателството и за многу други сфери, е добро да допре и до возрасните.
 
Српските медиуми ја опишуваат оваа книга како инспиративна и поетска, а Тиќми е истакнат како нов глас во домашната книжевност за деца и млади. Неговото пишување е опојно како стиховите на Мика Антиќ, бајковито мудро како во „Малиот принц“ на Антоан де Сент Егзипери, духовито и топло како текстовите на Игор Коларов. Книжевните критичари велат дека ова е книга што брзо се чита, но останува во сеќавањата и воедно е соодветна и за повозрасните читателите.
 
„Јас сум Акико“ веќе може да се најде во сите книжарници на „Литература.мк“ како и да се нарача онлајн преку интернет-страницата www.literatura.mk

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година

Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор