ОМИКРОН ЌЕ ГО ЗАБРЗА КРАЈОТ НА ПАНДЕМИЈАТА: Германскиот епидемиолог Лаутербах тврди дека може да биде помалку смртоносен
Објавено во: Свет 30 Ноември, 2021
Омикрон, новиот
вид на коронавирусот, може да
биде божикен подарок, ако навистина
се покаже дека предизвикува поблага
клиничка слика, тврди
германскиот епидемиолог Карл Лаутербах.
Д-р Лаутербах, кој најверојатно ќе биде следниот министер за здравство на Германија, рече дека „според првите достапни податоци, омикрон би можел да биде подарок за Божик, што може дури и да го забрза крајот на пандемијата“.
-Голем број мутации може да значи дека вирусот ја оптимизирал својата инфективност и може да биде помалку смртоносен. Ова би било во согласност со начинот на кој се развиваат повеќето респираторни вируси“, вели германскиот епидемиолог.
Неговата изјава доаѓа откако јужноафриканските лекари објавија дека се чини дека овој вид предизвикува поблаги симптоми како што се главоболки и замор. Тие, исто така, тврдат дека тој не довел ниту еден од заразените пациенти со омикрон до хоспитализација или смрт.
Научниците претходно предупредија дека е малку веројатно дека корона вирусот некогаш ќе биде искоренет, но ќе се претвори во поблаг вирус сличен на обичната настинка.