19 Мај, 2024
0.0314

Оливер Спасовски: Максим Димитриевски има право на свое мислење за Бучковски, за тоа ќе се разговара во партија

Објавено во: Македонија 03 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Оливер Спасовски, министерот за внатрешни работи, денеска рече дека неговиот сопартиец и сограѓанин Максим Димитриевски има право на свое мислење, откако кумановскиот градоначалник го искоментира поставувањето на поранешниот премиер Владо Бучковски за специјален претставник во надминувањето на спорот со Бугарија како велепредавство.

- Тоа се партиски активности. Јас овде сум како министер. Не би сакал сега да коментирам ничии изјави. Секој има право на свој став, свое мислење. Тоа ќе судат граѓаните кој на каков начин размислува. Како што јас искажувам свој став по многу прашања, така има секој право тоа да го прави. Не би сакал партиски да го злоупотребувам медиумот и посетата за да разговараме за овие теми. Има место, за тоа ќе се разговара во партија, рече Спасовски од Штип.

Димитриевски вчера напиша дека не се согласува со теоријата дека македонскиот народ не постоел пред 1944, како и дека во историјата на Македонија ваквите тези ги користеле изолирани поединци претставени од врховистичката пропаганда предводена од Ванчо Михајлов.

„Денеска во 21ви век тоа го слушаме од Бучковски, поранешен Премиер исклучен од редовите на СДСМ, човек кој во партијата се обиде идеологијата да ја замени со клиентелизам, лојалност и интриги. Како долгогодишен и активен социјалдемократ јавно се оградувам од ваквите изјави кои ги сметам за лични и погрешни и во ниту еден момент не можат да добијат суштинска поддршка од мене а верувам ниту од членството а најмалку од јавноста“, посочи Димитриевски.


Можеби ќе ве интересира

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична