01 Мај, 2024
0.0292

Олеснетата наставна програма паѓа во вода за следната учебна година

Објавено во: Македонија 09 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Олеснетата наставна програма што требаше да се спроведе како пилот-рпоект барем во неколку училишта од септември, најверојатно паѓа во вода за следната учебна година, поради ригидноста во процедурите.додека не се донесе нов закон за основното образование.

Основците ќе учат по старите наставни програми, иако работната група што го подготвува законот соопштувајќи ги во јануари ревидираните наставни планови за прво одделение  имаше очекување дека тие ќе бидат применети во барем  неколку пилот-училишта од овој септември.

По првата верзија, работната група во МОН сега подготвува и втора верзија на новиот закон која повторно ќе биде ставена за сугестии и забелешки на електронскиот регистар на прописи ЕНЕР.

Арбер Адеми денеска на прес-конференција по повод еден месец од преземањето на функцијата министер за образование и наука рече дека интензивно се работи на реформите и донесување на законот, но дека тој е комплексен и треба да се состави внимателно и во интерес и на учениците, и на наставниците. За да се најде најдобро решение, рече, вклучуваат  екперти од релевантни институции и од меѓународни организации.

– Кога се работи за крупни законски решенија, не треба да се брза, затоа што сме виделе усвојување закони, а потоа многу бргу измени и дополнувања на тие закони. Се работи за многу значаен закон и затоа треба да се најде најдобро решение. Се работи за креирање квалитетен воспитно-образовен систем за иднината на нашите деца. Во однос на пилотирањето на плановите, тогаш кога ќе сметаме дека една реформа функционира и ќе биде продуктивна, неа и ќе ја примениме, рече Адеми.

На почетокот на годинава работната група заедно со тогашната министерка Рената Дескоска презентираше ревидирани наставни планови и програми за прво одделение, кои предвидуваа помалку (шест) предмети, најмногу четири часови дневно и одмори со слободни активности и игри, за да се овозможи блага транзиција на првачињата од семејствата или градинките кон училиштата. Со усвојувањето и примената на новите наставни планови беше предвидено да престане и важењето на наставната Кембриџ-програма.


Можеби ќе ве интересира

Петровска: Тошковски вооружени лица да пријавува во институциите, а не кај Мицкоски

Петровска: Тошковски вооружени лица да пријавува во институциите, а не кај Мицкоски

Повторно телефонски измами во Охрид

Повторно телефонски измами во Охрид

Апасиев од Охрид: Македонска платформа, за да запрат уцените од балистите

Апасиев од Охрид: Македонска платформа, за да запрат уцените од балистите

Починатата девојка во Штип била ќерка на жената која уби и запали маж во Кавадарци

Починатата девојка во Штип била ќерка на жената која уби и запали маж во Кавадарци

Еден од најпознатите македонски специјалисти на митинг на ВМРО-ДПМНЕ

Еден од најпознатите македонски специјалисти на митинг на ВМРО-ДПМНЕ

Силјановска Давкова: Мојот сопруг се однесува како тој на Ангела Меркел

Силјановска Давкова: Мојот сопруг се однесува како тој на Ангела Меркел

Мандатот за составување Влада ќе го дава новоизбраниот претседател

Мандатот за составување Влада ќе го дава новоизбраниот претседател

Ковачевски го одби условот на Димитриевски за коалицирање: Ние не сме човек-партија

Ковачевски го одби условот на Димитриевски за коалицирање: Ние не сме човек-партија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Панче Тошковски вели дека Палевски ќе биде екстрадиран во најкраток рок

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Панче Тошковски вели дека Палевски ќе биде екстрадиран во најкраток рок