19 Мај, 2024
0.0288

ОКТА овозможи престој за децата со Даунов синдром во специјализиран летен камп

Објавено во: Мои пари 24 Август, 2015

Добивај вести на Viber

Компанијата ОКТА им овозможи на децата со Даунов синдром  за првпат да учествуваат во програмата за подобра социјализација и комуникација на летниот камп Јупи во Криопиги, Грција. Деца од Битола и Скопје заедно со своите родители ќе бидат дел од специјализираниот камп, каде преку креативните работилници и активности се стимулира нивниот развој и интеграција. Патувањето коешто го организира Центарот за Даунов синдром е со целосна финансиска поддршка од компанијата ОКТА.

„ОКТА ја препозна потребата да ја поддржи оваа иницијатива на Центарот за Дауновсиндром, бидејќи веруваме дека помагањето и придонесувањето за интегрирање на овие лица во секојдневните социјални сфери, е одговорност и должност на сите нас. Се надеваме дека програмата која ја нуди кампот и е специјално адаптирана на нивните потреби ќе овозможи да се стекнат со едно поинакво искуство кое ќе придонесе кон подобрување на квалитетот на животот на целото семејство“,истакна Марија Ставрева, менаџер за корпоративна општествена одговорност и комуникации во ОКТА.

Специјализираните летни кампови се значајни затоа што придонесуваат за подобрување и развивање на когнитивните и моторните вештини кај децата со Дауновсиндром и преку различните вежби, игри и активности имовозможуваат поинаков летен одмор. Дополнителното значење на овој камп е што тој е еден од ретките каде се применува специјалната „Рејнбоу” програма, наменета за деца со посебни потреби.

Пресреќни сме што дел од лицата со Даунов синдром од Битола и Скопје ќе можат да се вклучат во програмата на кампот „Јупи“ во Грција. Огромна е нашата благодарност до компанијата ОКТАкоја ни овозможи оваа идеја да стане реалност, покажа разбирање и вистинска иницијатива за збогатувањето на животот на лицата со Даунов синдром и подигнување на јавната свест за потребите на овие лица и нивните семејства. Очекуваме убав и исполнет одмор во кој нашите деца ќе стекнат драгоцени искуства. Се надеваме дека ваквите иницијативи ќе станат традиција во соработката со нашите соседни земји и дека поголем број лица со Даунов синдром ќе се вмрежуваат и учат едни од други на забавен и рекреативен начин“, рече Ида Мантон, основач и претседателка на Центарот за Даунов синдром.

Центарот за Дауновсиндром е основан во април 2013 година како непрофитна организација чија главна цел е да се подобри животот на лицата со Даунов синдром во земјава.

Можеби ќе ве интересира

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО