02 Мај, 2024
0.0259

ОХРИДСКА БАНКА СОСИЕТЕ ЖЕНЕРАЛ-Најдобра банка во Македонија за 2017 година според „Euromoney”

Објавено во: Мои пари 21 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Интернационалниот финансиски магазин „Еurоmoney“, со седиште во Лондон, ја награди Охридска банка Сосиете Женерал за „Најдобра банка во Македонија“ за 2017 година, втора година по ред.

Реномираниот финансиски магазин „Euromoney”, втора година по ред и ја додели наградата на Охридска банка Сосиете Женерал за „Најдобра банка во Македонија“ за 2017 година. 

Со доделувањето на оваа значајна награда, „Euromoney” го потврди и уважи континуираниот развој на Банката на сите нивоа кој придонесе за остварените финансиски резултати. Воедно, постигнатите успешни резултати се показател и за задоволството на клиентите и вработените во Банката. 

Платформата на „Euromoney“ за избор на најдобра банка, оценува голем број на банки во повеќе од 100 земји во светот, а самото оценување го прави врз основа на постигнатите деловни успеси во полето на банкарското работење. Повеќе од 50.000 банкарски клиенти годишно активно учествуваат во барем едно од многуте истражувања што „Еurоmoney“ ги прави на полето на девизните пазари и размена, приватното банкарство и во управувањето на готовинските текови, а кои според квалитетот и објавените резултати се препознаени и признати како најважни и најреферентни во целокупниот банкарски сектор. 

„Признанието добиено од „Еurоmoney“ е потврда за довербата од нашите клиенти, како нивен сигурен и долгорочен финансиски партнер. Иднината предводена од дигиталниот развој и трансформации, модернизираните потреби на клиентите, ги насочи активностите на нашата банка во правец на развој и имплементација на иновативни решенија и понуди. Па така, за напредните потреби на населението, разните индустрии, бизниси, од мали до големи интернационални компании на пазарот, остануваме и понатаму нивна сигурна потпора, креирајќи нови поглавја за воспоставување на банка на иднината. Главната цел на Банката е да биде избрана не само поради своите уникатни производи и услуги, туку и поради професионализмот, посветеноста и посебниот однос кон своите клиенти. Особено не радува што ваквата определба носи успеси и ја истакнува конкурентната позиција која Охридска банка Сосиете Женерал ја има на македонскиот пазар.”, изјави Бранка Павловиќ, претседател на Управниот одбор на Охридска банка Сосиете Женерал. 

Банката продолжува да го поддржува развојот на мали и средни претпријатија и претприемачи во Македонија, како и на големите домашни и меѓународни компании, истовремено, посветувајќи особено внимание на подобрување на квалитетот на услугите кои ги нуди на населението. 

Оваа награда е втора последователна награда за Банката оваа година, и истата, се придружува кон наградата добиена во април 2017 од реномираната публикација на Светска Банка од Вашингтон “Global Finance” за „Најдобра банка во Македонија“ за 2017. Исклучителен успех е што овие награди ги продолжуваат достигнувањата од минатата година кога Банката ги доби наградите за „Најдобра банка во Македонија“ за 2016 од најважните банкарски авторитети - “Global Finance”, “Euromoney” и “The Banker”

Можеби ќе ве интересира

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година

Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор