08 Мај, 2024
0.0264

Охрид во ритамот на Бетовеновите сонати

Објавено во: Македонија 27 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Топлите и пријатни охридски ноќи придружени со звуците на фестивалот „Охридско лето“ нудат посебно уживање за посетителите, а особено за љубителите на класичната музика. Многу причини ја прават оваа 2020 година посебна и различна од останатите, а една од нив е 250-годишнината од раѓањето на германскиот композитор Лудвиг ван Бетовен, обележана со мини-концерти со изведби на неговите најпознати дела, на неколку локации во Охрид.

Музичкото наследство на Бетовен остави длабока трага на целата музичка сфера повеќе од 2 века, а неговите композиции и ден денес претставуваат пример за врвни и безвремени дела чиешто културно и историско значење е од непроценлива важност.Неговиот дух оваа година е присутен и на фестивалот „Охридско лето“ преку неговите композиции, истакнувајќи го како еден од најсјајните претставници на класичната музика.

Во чест на Бетовен, поставена е и инсталацијата од почетните ноти на „Ода на радоста“во центарот на Охрид, а празнувањето на легендарниот германски композитор ќе продолжи со три кратки концерти на отворено, на различни локации во градот.

Првиот од трите концерти, наречени „Магента сонати“ ќе се одржи на 28 август кај Долни Сарај, каде пијанистката Елена Атанасовска придружена само од верното пијано ќе ја изведе Бетовеновата „Месечева Соната“. Во наредните два дена, на 29 и 30 август, ќе се одржат уште два концерти: најпрво во дворот на Куќата на Робевци ќе настапи квартет, кој ќе изведе музика од Бетовен, а потоа во предворјето на Св. Софија пијанистката Марија Ѓошевска ќе ја отсвири неговата „Патетична Соната“. Сите три концерти ќе бидат бесплатни и отворени за публиката, а местата се ограничени заради целосно спроведување на протоколите за заштита од Ковид-19.

Овие активности се дел од европското празнување на 250-годишнината од раѓањето на Бетовен и во чест на 60 години „Охридско Лето“, два важни јубилеи за Македонски Телеком како традиционален долгогодишен пријател и поддржувач на фестивалот, но и како компанија која е дел од групацијата Дојче Телеком.

Поврзаноста помеѓу Дојче Телеком и Лудвиг ван Бетовен датира уште многу одамна. Родното место на Бетовен, германскиот град Бон, денес е познат како дом на седиштето на Дојче Телеком, a врската на композиторот со Охрид е токму фестивалот „Охридско лето“, чијшто долгогодишен генерален спонзор е Македонски Телеком.

Ако сакате да ги слушнете и да ги видите магента концертите, но во моментов не сте во Охрид, тоа можете да го направите на Facebook и Instagram профилите на Македонски Телеком, каде што ќе бидат пренесувани со livestream. А за сите оние кои периодов се во Охрид и сакаат да ја почувствуваат моќта на класичната музика во живо, им препорачуваме да ги посетат изведбите, да се придржуваат до мерките и препораките за јавно собирање, поради својата и туѓа безбедност, како и со цел зачувување на колективното здравје.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Денеска гласаа болните и затворениците

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Денеска гласаа болните и затворениците

ЛЕТОЦИ ВО ЧАИР: Пишува „Ако си муслиман, не гласај“

ЛЕТОЦИ ВО ЧАИР: Пишува „Ако си муслиман, не гласај“

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Лични документи можат да се подигнат и утре

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Лични документи можат да се подигнат и утре

ТАМУ БИЛ ИЗБОРНИОТ МАТЕРИЈАЛ: Неколку мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата од објект во општина Чаир

ТАМУ БИЛ ИЗБОРНИОТ МАТЕРИЈАЛ: Неколку мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата од објект во општина Чаир

НАШИОТ АМБАСАДОР НЕ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ЦЕРЕМОНИЈАТА: И Македонија ја бојкотираше инаугурацијата на Путин

НАШИОТ АМБАСАДОР НЕ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ЦЕРЕМОНИЈАТА: И Македонија ја бојкотираше инаугурацијата на Путин

УРИВАМЕ „ЦРНИ“ РЕКОРДИ: Два македонски градови се на листата најзагадени во Европа

УРИВАМЕ „ЦРНИ“ РЕКОРДИ: Два македонски градови се на листата најзагадени во Европа

НА ДЕН ВЕЛИГДЕН, КЕДЕВ ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ - го „победи“ Макалу, петтиот највисок врв во светот

НА ДЕН ВЕЛИГДЕН, КЕДЕВ ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ - го „победи“ Макалу, петтиот највисок врв во светот

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава