02 Мај, 2024
0.2212

Одложувањето на стартот на учебната година е заради претпазливост - учениците ќе се враќаат во училниците, но постепено

Објавено во: Македонија 02 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Министерот за здравство, Доц. д-. Венко Филипче во емисијата Само Вистина на Канал 5 телевизија се осврна на почетокот на учебната година и појасни дека причината за одложување на стартот на учебната година е заради претпазливост.

„Луѓето се враќаат на работа, ќе бидат затворени во канцеларии, децата се враќаат во градинка, животот постепено се враќа во нормала. И затоа сме внимателни со уште една голема група, а тоа се учениците во основните училишта и средношколците, коишто во училиште ги враќаме постепено, со целосно почитување на мерките за превенција“- рече министерот Филипче.

Во емисијата, Филипче им честиташе на средношколците за енергијата, ангажманот и желбата да се вклучат во сите процеси коишто значат поквалитетно образование.

„Јас на првата средба им се извинив на средношколците што за време на изготвувањето на протоколите не ги искомунициравме. Откако ја направивме првата средба, секојдневно сме во комуникација. Разговараме за нивните барања и аргументи, од друга страна ги аргументираме нашите препораки. Имаме навистина добра и квалитетна дебата. Ние ги поканивме да присуствуваат на Комисијата за заразни болести и имавме одличен состанок. Им објасниме зошто сега поголем дел од нив треба да останат дома и да следат онлајн настава. Секако дека крајната цел е да се вратиме во нормално функционирање и сите да бидат физички присутни во училиште. И покрај тоа што онлајн наставата многу се развива во светот и квалитетот се зголемува, сепак сметаме дека наставата со физичко присуство нема алтернатива. Но во исто време, сметаме дека здравјето треба да е приоритет и да се зачува. И затоа е ваков предлогот. Ние сакаме да се вратат учениците во училници, но постепено“, посочи Филипче и истакна дека оваа група на вака организирани млади луѓе, средношколците, испраќа сигнал дека имаме младина во којашто навистина можеме да веруваме, да биде дел од системот и која навистина може да придонесе.

Можеби ќе ве интересира

„ГОГА НЕМА ХРАБРОСТ НИ РЕШИТЕЛНОСТ ДА ПОКРЕНЕ ПОСТАПКА НИ ПРОТИВ БУГАРСКИОТ НИ ПРОТИВ ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР“: Ванковска била загрижена заради Силјановска

„ГОГА НЕМА ХРАБРОСТ НИ РЕШИТЕЛНОСТ ДА ПОКРЕНЕ ПОСТАПКА НИ ПРОТИВ БУГАРСКИОТ НИ ПРОТИВ ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР“: Ванковска била загрижена заради Силјановска

СЗО ИМА СТАНДАРДИ ЗА УРБАНО ЗЕЛЕНИЛО: Во Македонија се потребни повеќе зелени површини

СЗО ИМА СТАНДАРДИ ЗА УРБАНО ЗЕЛЕНИЛО: Во Македонија се потребни повеќе зелени површини

КАРАКАМИШЕВА РАСПАЛИ ЗА ОСМАНИ: Знае ли човеков дека Венецијанската комисија е експертско тело за уставни прашања, а не чајџилница во која му се поклонуваат и му ракоплескаат?

КАРАКАМИШЕВА РАСПАЛИ ЗА ОСМАНИ: Знае ли човеков дека Венецијанската комисија е експертско тело за уставни прашања, а не чајџилница во која му се поклонуваат и му ракоплескаат?

ПАЛЧО МУ ОДГОВОРИ НА ЛОГА: „Лажете!“

ПАЛЧО МУ ОДГОВОРИ НА ЛОГА: „Лажете!“

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка