02 Мај, 2024
0.2105

Скопјани ќе штедат на гориво, од септември компјутер ќе ги регулира семафорите

Објавено во: Мои пари 17 Август, 2013

Добивај вести на Viber

На неколку локации низ Скопје веќе се поставуваат електронски табли каде што граѓаните и возачите ќе може да прочитаат на кои улици има метеж. Според најавите, од септември ќе профункционира Центарот за управување и контрола на сообраќајот од каде ќе се регулира метежот. Идејата е зеленото светло да трае подолго, чекањето да биде пократко, а освен заштедата во време и покусите патувања без нервози, граѓаните ќе штедат и бензин, а аерозагадувањето ќе се намали. Како што пишува Дневник,  носечката улога во системот ќе ја има „умната“ компјутерска програма. Софтверот ќе брои и памети колку возила се движат на сообраќајниците и потоа ќе овозможува проток во било кој период од денот, месецот и годината.  Тоа функционира така што при регистриран метеж долгото зелено светло се вклучува автоматски или рачно. Посебен третман ќе имаат возилата на Противпожарната служба, Итната помош или на полицијата. Надлежните информираат дека сега со ЦУKС се поврзани 30 раскрсници, пред се, во центарот на градот, а до крајот на оваа година ќе бидат 90, од вкупно 105 во цело Скопје. „Системот постојано учи. Во моментов самиот се полни со податоци, а тоа ќе трае до средината на септември. Софтверот врши прогноза и се приспособува на критичните раскрсници со семафори. Тие, пак, комуницираат меѓу себе и знаат кога и колку возила доаѓаат од кој било дел во градот“, објаснува за Дневник Даниел Павлески, советник за анализа и управување во градскиот сектор за сообраќај. Центарот за управување и контрола на сообраќајот чини 2,6 милиони евра. Парите беа обезбедени од Градот Скопје од кредит од Европската банка за обнова и развој.

Можеби ќе ве интересира

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година