ОД ПОЧЕТОКОТ НА ПАНДЕМИЈАТА: Граѓанка дури три пати „фатила“ ковид-19
Објавено во: Македонија 22 Септември, 2021
Една граѓанка три пати е заразена со ковид-19 од почетокот на пандемијата на тој вирус, објави Институтот за јавно здравје. Според неделниот извештај за состојбата со коронавирусот, до 19 септември се регистрирани вкупно 522 повторно инфекции, од кои една реинфекција е по втор пат.
Од пријавените повторувања на инфекција со коронавирус, се додава, пет завршија со смрт.
Првиот случај на ковид-19 во Македонија е регистриран на 26 февруари 2020 година.
Од почетокот на пандемијата до понеделникот, 19 септември годинава, беа пријавени вкупно 187.068 случаи на ковид-19, 167.810 оздравени, 6.472 починати, а 12.786 случаи активни тој ден.