08 Мај, 2024
0.0308

Од МОСТ дадоа оценка за прегласувањето во Теарце - што забележале?

Објавено во: Македонија 26 Декември, 2016

Добивај вести на Viber

Од граѓанската асоцијација МОСТ оценуваат дека прегласувањето на избирачкото место 2011 во Теарце помина во мирна атмосфера, со различна динамика во одзивот на гласачите, кој опадна во последните часови пред завршувањето на гласањето. 

Од МОСТ ја следеле  ситуацијата во периодот од поништувањето на резултатите од гласањето на 11 декември до прегласувањето. Потврдуваат дека немало инциднети, но со регистриран обид за поткуп, односно поднесена е кривична пријава против две лица, кои на гласачите во Теарце им нуделе поткуп за да не излезат да гласаат.

„Во текот на денот (вчера, во текот на прегласувањето) беше забележано зголемено присуство на полицијата околу гласачкото место. Околу 9 часот беше забележано дека УВ-ламбите не работат, па гласањето беше прекинато во период од 15 минути за да се набават нови, по што истото продолжи. Во понатамошната постапка на гласање и сумирање на резултатите на самото избирачко место не беа забележани нерегуларности“- стои во прелиминарната изјава на МОСТ.

За прегласувањето беа распоредени два набљудувачи кои го следеа гласањето на самото гласачко место, како и два мобилни тимови кои ја набљудуваа ситуацијата околу гласачкото место.

Од МОСТ велат дека Општинската изборна комисија Теарце имала проблем при составувањето на записникот број 21 за сумирање и утврдување на резултатите од гласањето на лицата кои своето избирачко право го оствариле во казнено-поправните установи. Ист проблем имало и на 11 декември во повеќе општински комисии.


Можеби ќе ве интересира

ОБВИНИТЕЛСТВО: Поднесена е пријава за поткуп во Велес за две лица

ОБВИНИТЕЛСТВО: Поднесена е пријава за поткуп во Велес за две лица

МВР: Имаме пријави за агитирање во Тетово, Скопје, Куманово, Баница, Боговиње, но тие наводи досега не се потврдени

МВР: Имаме пријави за агитирање во Тетово, Скопје, Куманово, Баница, Боговиње, но тие наводи досега не се потврдени

БАЈРАМИ: Наводите за поткуп ќе се проверат и ако има докази, ќе следи обвинение

БАЈРАМИ: Наводите за поткуп ќе се проверат и ако има докази, ќе следи обвинение

ПРЕСЕК ДО 11 ЧАСОТ: Најслаба излезност во ИЕ 6

ПРЕСЕК ДО 11 ЧАСОТ: Најслаба излезност во ИЕ 6

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: 12,87 oтсто за претседателските, 13,69 отсто за парламентарните избори

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: 12,87 oтсто за претседателските, 13,69 отсто за парламентарните избори

ОДЗИВ ПО ИЗБОРНИ ЕДИНИЦИ: Најслабо е во шестката

ОДЗИВ ПО ИЗБОРНИ ЕДИНИЦИ: Најслабо е во шестката

РАДУША: Дупнати гумите на возилото на еден набљудувач

РАДУША: Дупнати гумите на возилото на еден набљудувач

ДАШТЕВСКИ: Нема бојкот, сите што излегле на парламентарни, гласале и за претседател

ДАШТЕВСКИ: Нема бојкот, сите што излегле на парламентарни, гласале и за претседател

ТОШКОВСКИ: Во текот на вчерашниот ден имаше незаконски дејствија

ТОШКОВСКИ: Во текот на вчерашниот ден имаше незаконски дејствија