26 Април, 2024
0.0293

Од денеска термални камери на скопскиот аеродром

Објавено во: Македонија 27 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Од денеска ќе се скенираат со термална камера патниците на летовите од Истанбул и Дубаи на скопскиот аеродором, кои имаат врска со регионот во Кина каде е жариштето на корона вирусот. Ваква одлука претходно донесе Комисијата за заразни болести.

– Комисијата за заразни болести, по повод новите препораки на Светската здравствена организација за ширењето на корона вирус, кој веќе има епицентар во Вухан заклучи дека  нема простор за паника. Ние немаме директна комуникација и директни летови со овој регион, тоа значи дека луѓето кои би дошле евентуално од таму се веќе неколкупати скенирани на другите аеродорми. Ние ќе преземеме мерки на превенција и веќе од утре за летови од Истанбул и Дубаи, кои имаат врска со овој регион во Кина, патниците ќе се скенираат со термална камера – изјави вчера министерот за здравство Венко Филипче.

Како што извести министерот, скопскиот аеродром согласно последните евалуации е оценет на највисоко ниво и ги задоволува највисоките стандарди на детекција, рано препознавање и рана изолација доколку кај пацинетите потенцијални заразени се најдат вакви симптоми.

На аеродромот ќе бидат активирани и лекарски екипи кои ќе прават преглед. Членовите на комисијата најавија дека оние со сомнителни симптоми ќе минат низ строги протоколи за преглед и надзор, велат епидемиолозите. Филипче додаде дека станува збор за вирус што дава многу слични симпотми на грипот. 

- Може да помине со лесна средна форма, но и тешки форми како што еве веќе предизвикаа смрт кај пациенти забоелни од овој вирус. Потенцирам дека тоа се пациенти кои се постари со намален имунитет и пациенти што имаат хронични заболувања – додаде тој.

Комисијата за заразни болести појасни дека кај оние кај кои ќе се покаже сомнение на повисока температура ќе имаат посебен третман, односно екипа од аеродромот ќе ги интервјуира во заштитна облека дали доаѓаат од Вухан или околината и доколку се покаже дека имаат било какава симптоматологија ќе бидат тргнати во изолација. 


Можеби ќе ве интересира

ОСМАНИ ПОБЕДИ ВО БЕРЛИН И МИНХЕН, ПЕНДАРОВСКИ ВО ВАШИНГТОН, А ТЕСНА БИТКА СЕ ВОДЕЛА МЕЃУ СИЛЈАНОВСКА И ВАНКОВСКА ВО ЉУБЉАНА: Како гласаше македонската дијаспора?

ОСМАНИ ПОБЕДИ ВО БЕРЛИН И МИНХЕН, ПЕНДАРОВСКИ ВО ВАШИНГТОН, А ТЕСНА БИТКА СЕ ВОДЕЛА МЕЃУ СИЛЈАНОВСКА И ВАНКОВСКА ВО ЉУБЉАНА: Како гласаше македонската дијаспора?

КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ВО МАЈ, ЈУНИ И ЈУЛИ?: Очекуваме за степен до два повисоки температури од вообичаените, но ќе растат условите и за временски непогоди

КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ВО МАЈ, ЈУНИ И ЈУЛИ?: Очекуваме за степен до два повисоки температури од вообичаените, но ќе растат условите и за временски непогоди

„СДСМ КО ЕДВАЈ ДА ЧЕКАШЕ ДА ИЗГУБИ“: Колозова во нејзин стил, вели нема кој да не вади од паланкава

„СДСМ КО ЕДВАЈ ДА ЧЕКАШЕ ДА ИЗГУБИ“: Колозова во нејзин стил, вели нема кој да не вади од паланкава

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?