17 Мај, 2024
0.0288

Обама заминува на историска посета на Куба во март

Објавено во: Свет 18 Февруари, 2016

Добивај вести на Viber

Претседателот на САД Барак Обама ќе ја посети Куба во текот на следните недели, како дел од турнејата во Латинска Америка, пишува БиБиСи.

Тој ќе биде само вториот американски претседател кој го посетил островот за време на својот мандат, по Калвин Кулдидж во 1928 година.

Вашингтон и Хавана ги обновија дипломатските односи минатиот јули и САД ги тргнаа туристичките и трговски санкции кон островската држава за прв пат после 54 години.

Републиканската партија ја критикуваше планираната посета, велејќи дека такво нешто не треба да се остварува, додека презимето Кастро управува со Куба.

Кандидатите за следен претседател на републиканците Марко Рубио и Тед Круз, кои се синови на кубански имигранти, исто така, се категорични дека посетата е грешка.

Според Рубио посетата не треба да се случува, додека Куба не е слободна, а Круз смета дека Обама ќе ја игра улогата на „застапник“, пренесе OFFNews.

Во декември Обама соопшти дека сака да се сретне со политички дисиденти во Хавана, за да ја „поттурне“ кубанската Влада во нова насока.

Тогаш од кабинетот на претседателот Раул Кастро ја поздравија идејата за посета, но во исто време истакнаа дека Обама не треба да се меша во внатрешните работи на земјата.

Посетата ќе се совпадне со потпишувањето на примирје меѓу владата и бунтовниците во Хавана на 23 март, со што ќе се прекине граѓанската војна во земјата.

Во вторникот САД и Куба потпишаа договор, со што се обновуваат директните летови меѓу двете земји за прв пат во последниве 50 години, иако републиканското мнозинство во Конгресот го блокира обидот на Обама да го укине целосно трговското ембарго на Хавана, кое ја ограничува трговијата и не овозможува на американски туристи да го посетуваат островот.

Можеби ќе ве интересира

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји