19 Мај, 2024
0.0319

Обама со остри критики кон Трамп: Не е убаво да не знаеш за што зборуваш!

Објавено во: Свет 16 Мај, 2016

Добивај вести на Viber

Претседателот Барак Обама упати критики кон популизмот на републиканскиот кандидат за Белата куќа Доналд Трамп, без да го спомене директно во говор на церемонијата на дипломирање на студентите.

На церемонијата на универзитетот недалеку од Њујорк, Обама, облечен во црно-црвена тога, ги повика учениците да не жалат за хипотетичкиот американски златен век, бидејќи „старите добри времиња не биле толку добри“, поради расна дискриминација, сиромаштијата и ограничената улога на жените во општеството, соопштува AFP.

„Светот е посилен заедно, од кога и да било. Кревање на ѕидови нема да промени ништо“, рече претседателот, алудирајќи на предлогот на Доналд Трамп да се изгради ѕид на границата со Мексико.

Без да го именува ниту еднаш републиканскиот кандидат, Обама рече дека никаков ѕид не може да ги запре епидемиите зика и Ебола, ниту да ги реши проблемите со конкурентноста поврзани со глобализацијата.

„Тоа нема да ја стимулира нашата економија и нема да ја подобри нашата безбедност. Изолирани муслимани, предлози за различен однос кон нив на границите - тоа е во спротивност не само со нашите вредности, но и со сè што сме ние“, продолжи претседателот.

„Тоа е во спротивност со фактот дека нашиот раст, иновации и динамичност секогаш биле хранети од нашата способност да се привлечат најдобрите луѓе од четирите краишта на планетата“, рече тој.

„Во политиката, како и во животот, незнаењето не е доблест. Не е убаво да не знаеш за што зборуваш. Нема никаква врска со тоа да си чесен или да ја кажуваш вистината, или да се бориш со политичката коректност. Тоа едноставно е да не знаеш што зборуваш“, изјави Обама, алудирајќи јасно за Доналд Трамп, за кој тврди дека е политички некоректен кандидат.

Можеби ќе ве интересира

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто