19 Мај, 2024
0.0258

Обама предупредува на нова криза ако не се зголеми лимитот на државниот долг

Објавено во: Свет 21 Септември, 2013

Добивај вести на Viber

Ако Конгресот на САД не гласа зголемување на горната граница за долгот, може да бидеме  сведоци на нова финансиска криза . Такво предупредување упати вчера американскиот претседател Барак Обама, пренесе ИТАР -ТАСС . „Ако Конгресот не го зголеми износот на лимитот на државниот долг , може да дојде нова финансиска криза " , изјави шефот на Белата куќа, за време на посетата на фабриката за автомобили на Ford во Либерти , Мисури . Можноста за нефункционалност за исполнување на државните обврски може да дојде кон крајот на октомври . Во 2011 година сложените преговори за зголемување на прагот на долгот меѓу владејачката Демократска партија и опозициската Републиканска партија речиси го доведоа Вашингтон пред банкрот . Тогаш проблемот беше решен во последен момент по значителни отстапки и од двете страни . За време на изјавата во Мисури, Обама повика Конгресот да гласа што е можно побрзо за буџетот за фискалната 2014 година , која почнува на 1 октомври . „Ако Конгресот не успее да го стори тоа во рамките на следните десет дена , работата на владата ќе биде блокирана " , предупреди претседателот . Претходно во петокот претставничкиот дом на САД гласаше против предложената, од администрацијата на Обама, распределба на средствата за финансирање на реформите во здравството. Сепак експертите посочуваат дека позицијата на републиканците има повеќе симболична вредност , бидејќи контролиран од демократите, Сенатот  нема да дозволи усвојување на документот во овој вид . Преку овој чин сепак републиканците упатија уште еден политички сигнал до Белата куќа дека преговорите за одобрување на новиот буџет нема да бидат лесни .

Можеби ќе ве интересира

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто