05 Мај, 2024
0.0236

Обама: Грчката криза нема да влијае на светските финансии

Објавено во: Свет 30 Јуни, 2015

Добивај вести на Viber

Американскиот претседател Барак Обама предупредил дека растечката Грчка финансиска криза може да има „значителен ефект“ на европскиот раст, но нема да го погоди светскиот систем.

Обама изјавил дека ситуацијата во Грција, која е на работ на неисполнување на своите долгови, е „од суштинско значење“, но нема да предизивка голем шок во светските финансии.

Во меѓувреме „Standard and Poor's“ го намали кредитниот рејтинг на четирите грчки банки до „селективен банкрот“ по изрекувањето на лимити за влечење и странски трансфери.

„Намалувањето на рејтингот следува веднаш по мерките воведени од грчката влада, вклучувајќи ги ограничувања за влечење на депозитите, затворање на филијали на банки за една целосна работна недела, како и забраната на дознака надвор од Грција, освен со дозвола од Министерството за финансии на Грција“, соопшти рејтинг агенцијата во соопштението.

Банките ќе останат затворени до 6 јули, како дел од мерките на Владата за заштита на банкарскиот систем од колапс, откако Европската централна банка (ЕЦБ) ја замрзна финансиската поддршка потребна за обезбедување на ликвидноста на грчките банки.

Од Министерството за финансии повторно потврдија дека банкарските депозити ќе бидат непроменети и по неделниот референдум за прифаќање на условите на спасувачката програма предложена од кредиторите на Грција.

Можеби ќе ве интересира

УНИШТЕНИ ДОМОВИ, ПАТИШТА, МОСТОВИ: Колку луѓе загинаа во поплавите во Кенија?

УНИШТЕНИ ДОМОВИ, ПАТИШТА, МОСТОВИ: Колку луѓе загинаа во поплавите во Кенија?

ГАЗА: Луѓето во северниот дел гладуваат

ГАЗА: Луѓето во северниот дел гладуваат

ЕРУПЦИЈА НА АНТАРКТИКОТ: Вулкан исфрла 80 грама злато дневно

ЕРУПЦИЈА НА АНТАРКТИКОТ: Вулкан исфрла 80 грама злато дневно

ФИДАН: Должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците

ФИДАН: Должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците

(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Бог има украинско знаме на рамото, животот ќе ја победи смртта

(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Бог има украинско знаме на рамото, животот ќе ја победи смртта

ТИНЕЈЏЕР ИЗБОДЕ МАЖ СО НОЖ: Tepoристички напад во Австралија

ТИНЕЈЏЕР ИЗБОДЕ МАЖ СО НОЖ: Tepoристички напад во Австралија

(ВИДЕО) УКРАИНКА ОДЕШЕ ПЕШ 10 КИЛОМЕТРИ ЗА ДА СЕ СПАСИ: Има 98 години и со бастун стигна до територијата под контрола на Украина

(ВИДЕО) УКРАИНКА ОДЕШЕ ПЕШ 10 КИЛОМЕТРИ ЗА ДА СЕ СПАСИ: Има 98 години и со бастун стигна до територијата под контрола на Украина

УШТЕ ЕДНА ПОТЕРНИЦА: Русија го бара и командантот на копнените сили на Украина, Александар Пављук

УШТЕ ЕДНА ПОТЕРНИЦА: Русија го бара и командантот на копнените сили на Украина, Александар Пављук

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра