18 Мај, 2024
0.0269

Новото лице на руското разузнавање: Што значи доаѓањето на Наришкин?

Објавено во: Свет 28 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Владимир Путин го смени шефот на Службата за надворешно разузнавање. Таа беше предводена од поранешниот шеф на рускиот парламент и долготраен пријател на претседателот Сергеј Наришкин. Експертите не ја исклучуваат можноста Наришкин да се обиде да ja крене агентурната мрежа на ново ниво.

Во четвртокот вечерта, на 22 септември, претседателот Владимир Путин иницира ново кадровско рестартирање на персоналот, откако го отпушти претседателот на Државната дума и свој соработник од „питерската“ група Сергеј Наришкин. Во замена за тоа, екс-претседателот на Думата доби функцијата шеф на Службата за надворешно разузнавање (СИЕ) - структура за која се знае исклучително малку, а раководните позиции во неа, според многу набљудувачи, не укажуваат длабоко вклучување во разузнавачката дејност. Михаил Фрадков, кој ја предводеше СВР речиси девет години, е светол пример во овој поглед. До функцијата тој немал никаква врска со разузнавањето.

Но случајот со Наришкин е малку поинаков: четвртиот човек во руската политика се врати на она, со кое започна. Според неофицијалните податоци, поранешниот шеф на парламентот ја започнал својата кариера во крајот на 70-тите години во Првото главно управување на КГБ, кое се смета за надворешно разузнавање и потоа е одделено во посебна служба - СВР.

Преминувањето на Сергеј Наришкин во разузнавањето може да биде обид малку да се засили ригидниот систем на СВР, а исто така и да му се обезбеди безгрижна позиција со пристојна плата. Судејќи според декларацијата, во измината година приходот на началникот на СВР е импресивен во однос на другите шефови на тајни служби - 20 милиони рубљи (319.000 долари).

Роден во Санкт Петербург, Наришкин дипломирал на Меѓународниот институт за менаџмент, специјалност „Економија“, во родниот град. Во почетокот на 1990-те години работи заедно со Путин во општината, а потоа во Владата на Ленинградска област. Во 2004 година пристигнува во Москва и веднаш паѓа на вистинското место - назначен е за зам. шеф на економското управување, наскоро станува шеф на администрацијата во владата на Фрадков. Работи и како вицепремиер, додека во 2008 година не ја предводи администрацијата на претседателот Дмитриј Медведев. Во 2011 година Наришкин влегува во Државната дума, кога резултатите на партија „Единствена Русија“ водат до загуба на мнозинството во Долниот дом. На изборите во 2016 година Наришкин повторно освои мандат, а „Единствена Русија“ - мнозинство во парламентот.

СВР ги менува своите задачи?

Според претседателскиот декрет, Михаил Фрадков е ослободен од должноста „во врска со одењето во пензија“. Сега тој ќе го предводи Советот на директори на државната монопол компанија „Руски железници“. Но има и други набљудувања. Според податоците на извори на весникот „Slon Magazine“ во последните месеци во Кремљ се поднесени претставки против шефот на СВР во врска со агентурна работа и „премногу оптимистичките извештаи на тајни служби за преговорите меѓу ЕУ и САД за режимот на слободна трговија“.

Според информации на весникот „Комерсант“ многу луѓе во СВР зборуваат за потребата од обнова на раководниот состав и за внатрешни реформи. Скандалите со руски шпиони почнаа да се појавуваат со завидна редовност. Сеуште се сеќаваме на скандалот од 2010 година, кој се покажа како најспектакуларниот во СВР за сите години на неговото постоење - тогаш ФБИ уапси 10 прикриени агенти - можеа да бидат откриени уште 80, како и целиот систем за собирање на разузнавачки информации.

За разлика од некадарниот Фрадков, новиот шеф не е нов ов разузнавачката работа - Наришкин е многу релевантна фигура, според претседателот на независниот Институт за национална стратегија Михаил Ремизов. „Тој е способен да ја засили позицијата, на која започнува со работа, уште повеќе што припаѓа на високата лига руски политичари и е близок со претседателот. Плус тоа има добар бекраунд со поминато време токму во оваа сфера“, вели експертот.

Според политикологот не треба да се занемарува и фактот дека во сегашните сложени односи со Западот, СВР ги менува своите задачи. Критично важна станува вештината да се работи „во стилот“ на британското разузнавање (Intelligence Service) - да биде усогласена комплексната аналитичка дејност за заканите и квалитативната обработка на податоците. „Во моментов СВР треба да биде клучна структура која ќе формира когнитивната карта на светот и последователно, политичката стратегија на Русија“, вели тој.

Администратор на кого му веруваат

За кариерата на самиот Наришкин, кого во СВР го сметаат за „свој“, ова назначување може и да е чекор назад, смета членот на експертскиот совет на Институтот за социо-економски и политички истражувања Алексеј Зудин. Сепак реално позицијата на СВР во листата со рангирање не стои многу високо. Самиот Наришкин до последно ги нарекуваше информациите дека оди во разузнавањето како „шпекулации“, учествуваше во изборите за Државната дума (одржани на 18-ти септември) и изјави дека „нема намера да отстапува од својот мандат“.

Изданието Газета.ру забележува дека во ова назначување се гледа високата оценка за работата на Наришкин во Државната дума, каде што тој се покажа како добар администратор, но не и како брилијантен политичар. Според генерал-полковник од КГБ, Николај Леонов преминувањето на Сергеј Наришкин од парламентот во надворешното разузнавање е „чисто политичко назначување“. „Тоа е природно и разбирливо, бидејќи државниот врв треба да има за шеф на СВР човек, во кого има целосна доверба. Покрај тоа Наришкин има огромно искуство во државната и политичката работа, што ја прави неговата кандидатура неоспорна и нема да има несогласувања по прашањето, вели уште Леонов пред изданието.

Останува ли Наришкин чисто политичко назначување или оди во СВР со квалитет на реформатор - тоа е прашањето, смета Зудин. Фрадков беше политичко назначување. Судбината на Наришкин не е единствена. Ако гласините за креирање на Министерство на државната безбедност под покровителство на ФСБ (структура која ќе ги обедини во себе сите други сектори, вклучувајќи и СВР) се потврдат, Наришкин наскоро ќе биде меѓу губитниците. „Таму веќе ќе има началник“, вели Зугин.

Но одењето во разузнавањето не може да биде наречено точно безгрижна работа. Кој ќе го заземе местото на Наришкин како претседател на Државната дума ќе се разбере наскоро. Кандидат број еден е сегашниот заменик-шеф на администрацијата на претседателот „сивиот кардинал на Кремљ“, Вјачеслав Володин.


Можеби ќе ве интересира

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто