Новото име ажурирано на веб страницата на Владата
Објавено во: Македонија 12 Февруари, 2019
Страницата на Владата од вечерва е ажурирана со новото име Република Северна Македонија, во согласност со Договорот од Преспа.
Владата информираше дека од вечерва влегува во сила Конечната Спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за Безбедност на Обединетите Нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните, што Министерството за надворешни работи соодветно го објави во Службен весник.
Mинистерството за надворешни работи на Грција ја испратило вербалната нота.