17 Мај, 2024
0.0271

Нови решенија за намалување на несреќите на работните места, за потткнување на инвестициите и за намалување на сивата економија

Објавено во: Мои пари 14 Јули, 2016

Добивај вести на Viber

Нови ефикасни решенија за намалување на повредите и несреќите на работните места, воведување на системот на ваучери при пријавување на сезонските работници во задолжителното социјално осигурување и измени во законот за трговски труштва, се трите приоритетни области за кои Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ) е подготвена да понуди конкретни предлози со чија имплементација ќе се подобрат условите за водење бизнис во земјата.

„Како организација која ги застапува интересите на работодавачите од приватниот сектор, и покрај актуелната политичка состојба, сметаме дека не треба да се губи време. Бизнисот мора да продолжи со работа и затоа ние нудиме конкретни предлози кои произлегуваат од реалните потреби и предизвици со кои се соочуваат домашните компaнии, а кои доколку се усвојат и имплемеnтираат, убедени сме дека ќе отворат нови перспективи за натамошен економски раст и ќе значат поголема социјална сигурност за вработените и на сите граѓани“, изјави претседателот на ОРМ, Ангел Димитров, напоменувајќи дека предлозите од споменатите три приоритетни области очекува час поскоро да бидат ставени и на агендата на Владата и синдикатите.

Конкретно, во областа на безбедноста и здравјето при работа, ОРМ, анализирајќи ги состојбите од теренот, смета дека досегашната примена на законската регулатива во оваа област не ги дава посакуваните резултати, односно не го намали бројот на повреди и несреќи на работните места, особено во земјоделството, градежништвото и преработувачката индустрија каде бројот на повреди и несреќи е најголем. Истовремено, Законот за безбедност и здравје при работа предизвикува значителни финансиски импликации, особено за малите и микро фирми од услужните дејности, во кои често единствена опрема за работа се компјутерите и работните маси, а кои според обврските во законот се изедначени со големите индустриски капацитети каде ризиците за повреди на работното место се значително поголеми. Членките на ОРМ укажуваат на тоа дека неопходна е континуирана обука и усовршување на стручните лица за безбедост и здравје при работа во компаниите, како и примена на одредбите од директивите на ЕУ за мерките за подобрување на безбедноста и здравјето при работа, особено оние што се однесуваат на дефинирањето на повредите при работа и начинот и временскиот рок за нивно пријавување.

Покрај за безбедноста и здравјето при работа, ОРМ предлага и значително поедноставување на моделот на пријавување и плаќање на придонесите за сезонските работници, со што ќе се постигне поефикасна примена на законските одредби за пријавување на овие работници, ќе се зголеми нивната социјална сигурност, а истовремено ќе се влијае на намалување на даночната евазија и „сивата“ економија.

6a0d707b-c3aa-49b3-a7c4-5509f647fa89

Членките на ОРМ, како еден од приоритети ја истакнуваат и потребата од измени во Законот за трговски друштва со кои се олеснат вложувањата на постојните акциoнери во компаниите, што позитивно ќе се одрази и за натамошно поттикување на домашните и странските инвестиции во земјата.

Во идентификувањето на темите кои се од интерес на работодавачите, а кои придонесуваат за унапредување на бизнис климата и работењето на компаниите во Македонија, Организацијата на работодавачи на Македонија добива поддршка и од проектот „Унапредување на социјалниот дијалог“ кој е финансиран од Европската унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Можеби ќе ве интересира

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Н.Д. ОД ТЕТОВО ГО ОСВОИ НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ

Н.Д. ОД ТЕТОВО ГО ОСВОИ НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ

Бимилк го прослави светскиот ден на семејството: НТЦ семинар за вработените и стручните лица од образовните институции со д-р Ранко Рајовиќ

Бимилк го прослави светскиот ден на семејството: НТЦ семинар за вработените и стручните лица од образовните институции со д-р Ранко Рајовиќ

„Макпетрол“: Со позитивна енергија во Градски Парк да застанеме на патот на врсничкото насилство

„Макпетрол“: Со позитивна енергија во Градски Парк да застанеме на патот на врсничкото насилство

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени