Нови напади се очекуваат во турските градови?
Објавено во: Свет 16 Мај, 2016
Терористите од Исламска држава и Курдската работничка партија имаат планови за напади на 19 мај во неколку големи градови во Турција.
Тогаш се одбележува денот во спомен на Кемал Ататурк, како и денот на младите и на спортот. Турската разузнавачка служба МИТ издаде предупредување за планираните напади. Според нивните информации, џихадистите од ИД планираат напади врз мавзолејот на Ататурк, американската Амбасада и згради на војската во Анкара. ИД планира десет напади во неколку големи градови во Турција. Разузнавачката служба утврдила дека десет терористи за оваа цел пристигнале во турскиот град Газиантеп, од Сирија и Ирак. Разузнавањето утврдило дека освен ИД и курдските сепаратисти од ПКК имаат планови за напади на празникот на 19 мај.