17 Мај, 2024
0.1163

Нови 600 милиони работни места за светот

Објавено во: Економија 04 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Ни помалку ни повеќе туку 600 милиони нови работни места до 2020 година,  треба да креира меѓународното стопанство за да ги прифати младите луѓе, кои се приклучуваат кон светската работна сила. Со ова според Светска банка треба да се поттикне и развојот, но и да се подобри положбата на жените и да се спречат немирите. Според извештајот на светски развој приоритет на сите влади би требало да биде отварањето на нови работни места, имајќи предвид дека пред помалку од две години недостигот на можности за вработување бил една од причините за немирите, кои кулминираа со соборување на лидерите во Египет и Тунис. - Демографските промени, напредокот на технологијата и долготрајните ефекти на меѓународната финансиска криза ја преобликуваа областа на вработување во сите земји ширум светот, изјави претседателот на СБ, Џим Јонг Ким. - Земјите, кои успешно се прилагодија на овие промени и кои се изборија на полето на вработувањето можат да остварат значителен раст на животниот стандард и продуктивност, како и поголема социјална кохезија, заклучи Ким. Од Светска банка истакнуваат и дека многу држави кои минале низ економската криза од Втората светска војна, токму сега треба да ги достигнат предкризните нивоа кога е забележано забавување на глобалната економија. Мекроекономска стабилност и поволни услови за работење е задача на секоја влада, потенцираа од СБ.  

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА