17 Мај, 2024
0.0368

Новата акција стартува под мостот во Будимпешта!

Објавено во: Мои пари 15 Јули, 2016

Добивај вести на Viber

Авионските трки од светската серија Red Bull Air Race се враќаат по деветти пат во Будимпешта, Унгарија, а единственото нешто пофасцинантно од гледањето на авионите како пролетуваат под познатиот мост „Ланчид“ ќе биде дуелот на пилотите за пресудната предност и освојување на победа. Во сезоната каде што предвидувањата се покажаа како бесмислени, 14 пилоти се подеднакво самоуверени – и загрижени – заради сознанието дека секој од нив може да победи. Еен поранешен унгарски пилот ќе следи внимателно што ќе се случува кога пилотите ќе се вивнат кон небото во седумдесеттата трка од Red Bull Air Race.

Будимпешта (УНГАРИЈА) – Толку близу, што го одзема здивот! Без оглед дали тоа се тркачките авиони кои се стискаат под фамозниот мост на само два или три метри над Дунав, или пак, делчињата од секундата кои ја делат победата од поразот, акцијата ќе биде доволна за секому да му запре срцето. Четвртата станица од 2016 година ја означува и критичната средина на сезоната, а сепак ниеден од 14-те водечки светски пилоти не успеал да покаже вистинска доминација на небото. Всушност, ако погледнеме наназад, досега имаше шест различни победници на претходните осум трки. Време е некој да ја преземе контролата. Но кој?

Ако продолжи најновиот тренд, тоа ќе биде тим кој не победил никогаш досега. На претходната станица во Чиба, Јапонија, домашниот пилот Јошихиде Муроја ја освои својата прва победа. На трката пред неа, во Шпилберг, Австрија, Германецот Матијас Долдерер ја освои својата прва победа. Со овие два триумфа, сите четири пилоти кои дебитираа во „Класата од 2009“ покажаа што можат, но има уште еден напаѓач кој чека на крилјата од својот авион: Мартин Шонка од Република Чешка. Шонка освои четири подиуми од своето деби на трките во 2010 година – меѓу кои и второто место пред само неколку недели во Чиба – а пропушташе пласмани на подиумот во 2015 година за многу мала разлика. Бидејќи Будимпешта му е најблиска трка до неговата татковина, поддршката од навивачите може конечно да го подигне до врвот, како што тоа се случи со Муроја и Долдерер.

Ниеден пилот нема да биде понетрпелив да го воспостави „природниот“ ред на нештата повеќе од Австриецот Ханс Арх. Светскиот шампион од 2008 година е најодликуваниот натпреварувач од групата учесници и завршува на подиумот во последните пет сезони, но мора да си го пробие патот до врвот на поредокот, откако ја започна сезоната со поразувачка казна на првата трка во годинешнава сезона. Арх веќе има две победи во Будимпешта – можеби третиот пат ќе му биде среќен за да му ги зголеми шансите во борбата за трофеј. Двајцата искусни Американци исто така ќе гледаат да ја остварат својата цел: Мајкл Гулијан, кој ги прекина победите на Арх во унгарската престолнина со својот триумф, и Кирби Чемблис, итриот двократен освојувач на титулата кој го искористи хаосот на почетокот од сезоната за да се пробие на второто место од поредокот, 10 поени зад Долдерер кој е на врвот. Историската седумдесетта трка на Red Bull Air Race ќе биде понепредвидлива од кога и да е, но никој нема да ужива во трката повеќе од Питер Бешењи. Популарниот домашен унгарски пилот победи на првата трка, и ја освои титулата во првата сезона во 2003 година, и беше поттикнувачка сила во развојот на спортот пред да се повлече од светскиот шампионат во 2015 година. Тој ќе биде меѓу илјадниците гледачи наредени од двете страни на реката Дунав.

Истото се однесува и за директорот на трката Стив Џонс, кој исто така уживаше во својот триумф во Будимпешта во 2006 година: „Победата таму беше еден од најубавите моменти во мојата тркачка кариера. Секогаш ќе се сеќавам на пролетувањето под мостор и непосредно покрај зградата на парламентот. Тоа едноставно не се опишува.“

Билетите за сите трки, меѓу кои и оваа во Будимпешта на 16-17 јули, веќе се продаваат и тоа брзо. За информации за билети и сите други новости, посетете го www.redbullairrace.com, а доколку сакате да преземете материјали за објавување посетете ја www.redbullairracenewsroom.com.

Можеби ќе ве интересира

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Н.Д. ОД ТЕТОВО ГО ОСВОИ НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ

Н.Д. ОД ТЕТОВО ГО ОСВОИ НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ

Бимилк го прослави светскиот ден на семејството: НТЦ семинар за вработените и стручните лица од образовните институции со д-р Ранко Рајовиќ

Бимилк го прослави светскиот ден на семејството: НТЦ семинар за вработените и стручните лица од образовните институции со д-р Ранко Рајовиќ

„Макпетрол“: Со позитивна енергија во Градски Парк да застанеме на патот на врсничкото насилство

„Макпетрол“: Со позитивна енергија во Градски Парк да застанеме на патот на врсничкото насилство

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени

14 македонски студентки по технички науки на првиот глобален состанок на иницијативата Global Engineer Girls на Групацијата Лимак

14 македонски студентки по технички науки на првиот глобален состанок на иницијативата Global Engineer Girls на Групацијата Лимак