17 Мај, 2024
0.0318

НОВА ЛИСТА: Ова се 10-те најбогати луѓе на светот!

Објавено во: Стил 03 Март, 2014

Добивај вести на Viber

Магазинот Форбс ја објави новата листа на најбогати луѓе на светот, на која се наоѓаат 1.654 мажи и жени. Но, на првите позиции има и изненадувања! Така, основачот на Мајкрософт, милијардерот Бил Гејтс повторно изби на врвот на листата, со богатство кое се проценува на 76 милијарди американски долари. За изненадување, тој успеа од врвот да го истисне Мексиканецот Карлос Слим, кој според проценките на „Форбс“, поседува богатство вредно „само“ 72 милијарди долари. Гејтс се проби на врвот иако во последните неколку години дели пари на различни хуманитарни организации, кои се борат против гладта и сиромаштијата во светот. Слим, пак, се занимава со сè и сèшто - од телекомуниникации, финансии, па до трговија со недвижности. На трето место е шпанскиот милијардер Амансио Ортега, кој се збогатил занимавајќи се исклучиво со модна индустрија. Сопственик е на познатите брендови - Zarа, Pull & Bear и Bershkа. Десеттемина на врвот на листата на најбогати луѓе во светот заедно поседуваат неверојатни 507 милијарди американски долари. Еве кои се тие:
10 НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ НА СВЕТОТ: 1. Бил Гејтс (ко-основач на Мајкрософт - богатство: 76 милијарди долари) 2. Карлос Слим (телекомуникации, финансии, недвижности - богатство: 72 милијарди долари) 3.Aмансио Ортега (сопственик на Zarа, Pull&Bear i Bershkа - богатство: 64 милијарди долари) 4. Ворен Бафет (инвестициски гуру - богатство: 58.2 милијарди долари) 5. Лери Елисон (основач и извршен директор на Оракл  - богатство: 48 милијарди долари) 6. Чарлс Коч (американски индустријалец - богатство: 40 милијарди долари) 7. Дејвид Коч (американски индустријалец, брат на Чарлс - богатство: 40 милијарди долари) 8. Шелдон Аделсон („крал“ на коцкарниците во Лас Вегас - богатство: 38 милијарди долари) 9. Кристи Волтон (наследничка на Волмарт - богатство: 36.7 милијарди долари) - единствена жена меѓу првите 10 најбогати 10. Џим Волтон  (наследник на Волмарт - 34.7 милијарди долари)