Добивај вести на Viber
По повеќе од 7 години во скопската Зоолошка градина се испили белоглав орел. Во останатите три гнезда има јајца, но не се знае дали ќе се испилат.
Ова е првиот подмладок од 2006 година. Дотогаш во Зоолошката секоја година имаше принова, пишува Дневник.
Претпоставките се дека за тоа се виновни климатски промени, бидејќи не се испилил ниеден ни на ниво на Балкан, поточно во репродуктивните центри во Бугарија и во Србија, изјави Биологот Јорданчо Милошевски.
Белоглавите орли се заштитен вид во Република Македонија.