19 Мај, 2024
0.0254

Нов Зеланд бара работници: Еве за кои професии и како да аплицирате

Објавено во: Мои пари 24 Април, 2015

Добивај вести на Viber

И додека сите трчаат во Америка, Канада и Австралија, Нов Зеланд чезнее за странски работници, бидејќи оваа земја е во силен економски раст. На саемот за вработување во соседна Србија еден учесник од Нов Зеланд претставил 1200 празни места, меѓутоа на оваа земја и се потребни минимум 50 000 работници. Градежништвото е професија за која е потребен најголем број на работници, а следат здравствените работници и информатичарите и инжиниерите. Судејќи по статистиките од минатата година, во оваа земја просечната плата е близу 3000 евра, а ако им се верува на достапните податоци, најмалку платена професија е фармацијата, додека најмногу се плаќа градежништвото. Кога е во прашање изнајмувањето на просторот за живот , цените обично се гладаат на неделно ниво, а во зависност од она што сакате да го изнајмите, е потребно да издвоите околу 100 до околу 530 евра.   [button color="orange" size="medium" link="http://faktor.mk/2015/04/23/berene-jagodi-i-sezonska-rabota-vo-finska-informatsii-za-aplikatsija/" target="blank" ]Берење јагоди и Сезонска работа во Финска – Информации за апликација[/button]   Од друга страна, за нов автомобил е потребно да издвоите од 10 .500 евра , кутија цигари е нешто поскапа од 8 евра, лебот е две евра, килограм шеќер 1,7 , додека литар млеко исто така околу 1,7 евра. Постојат неколку видови на виза кои може да се добијат за Нов Зеланд. Може да се добие работна дозвола за често, привремена работна дозвола и дозвола за работа на одмор. Освен тоа постои можност од добивање на туристичка виза, студентска виза, виза за живот , но и можност за добивање виза за инвеститори. Вадењето на виза за Нов Зеланд може да потрае од неколку недели до неколку месеци. За работна виза треба да имате добри квалификации, како и работно искуство, но важно е да имате и понуда за работа од страна на овластен работодавачм додека е можно да добиете виза и доколу сте посебно талентирани во некој спорт или уметност. Повеќе информации за постапката за добивање на виза за Нов Зеланд , МОЖЕ ДА ДОЗНАЕТЕ И АПЛИЦИРАТЕ ОВДЕ. Ако сакате да аплицирате за работа тогаш прочитајте подетално и овде.   (Не е дозволено копирање или преземање на текстот без претходна дозвола од Фактор.мк)    

Можеби ќе ве интересира

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО