02 Мај, 2024
0.0287

НОВ ПЛАН ЗА МАЏИР МААЛО: Хотели ги бркаат староседелците од дома

Објавено во: Македонија 25 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Каква урбанизација му треба на Маџир маало? Делот од Скопје кој е еден од најпознатите места, маало со традиција и со староседелци кои до денеска се жители на центарот на Скопје, набрзо ќе има нов лик. Ако се испочитува сега предвидениот Детален урбанистички план најголем дел или 60 отсто од тоа маало ќе биде деловен простор, помалиот дел ќе се згради. Во деловниот простор, најмногу хотели, трговски центри, па и казина, како што велат жителите. Тие регираат за предложениот ДУП и велат дека не знаеле дека се прави таков план се до скоро кога беа повикани на јавна расправа. Тогаш дознале дека планирано е, ако се срушат нивните куќи тие да мора и да заминат од оваа маало, затоа што на нивните локации ќе се градат хотели па нема да можат да живеат таму. Претходниот план, кој според нив се подготвувал пред да излезе овој, предвидувал повеќето од градбите да се за колективно домување. На таков начин тие би биле обесштетени со станови но би си останале таму.

Професорот Владо Димовски кој долги години бил и во координативното тело за урбанизација на Маџир маало за Фактор вели дека се изненадени и дека сега ДУПот за тие две градски четврти во Маџир маало предвидува на таа локација да се изградат 30 хотели.

- Новиот план предвидува изградба на 30 хотели до кејот на Вардар и до булеварот од другата страна. Односно нов Лас Вегас. За тоа дознавме кога беше закажана јавната расправа. Во стариот имаше повеќе згради за станбено домување и наеднаш се смени. Иако за мене лично не е важно да живеам таму затоа што сум презаситен од живеењето во Центар, но се разбира има луѓе на кои им е важно да останат таму. Па живееле таму од предци и не сакаат да заминат вели Димовски, жител на Маџир маало.

Инаку во дел од куќите на Маџир маало моментно и не може да се живее оти се запуштени, но секако сопствениците кои имаат интерес за урбанизацијата се против масовната узурпација на тие локации за деловни објекти.

Градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ за Фактор вели дека планот е на јавна расправа и ги повикува граѓаните да поднесат анкетни листови.

„Ќе поднесат анкетни листови, ќе ги собереме сите баеања, ќе видиме кои се нивните барања. Инаку овој ДУП е усогласување со ГУП и да има објекти со намена за деловни објекти, рече Богдановиќ.

Општина Центар има мораториум за градби, се до донесувањето на новите Дупови.

А.Т.

Фото Порта3

Можеби ќе ве интересира

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање