16 Мај, 2024
0.0301

Нов оглас за субвенции: Можно е да има и национален авиопревозник

Објавено во: Економија 22 Август, 2018

Добивај вести на Viber


Не е исклучено да се воспостави и национален авиопревозник, а за тоа има можност, тврдат од Министерството за транспорт и врски. Оттаму велат дека тоа го покажала и првичната анализа која се врши во Министерството, а подоцна ќе биде ангажиран и консултант.

„Воспоставување на национален авиопревозник не е исклучено од целата постапка што се води за обезбедување авио превоз. Сега се анализираат можностите за обновување на постапката во рамки на министерството, рече Светлана Глигоровска од Министерството за транспорт и врски на денешната прес-конфернеција.

На конференцијата беше соопштено дека Владата ја усвоила Уредбата за начинот и критериумите со кои ќе доделува субвенции на авиокомпании за евтини авиолинии, како и Програма за определување финансии за таа намена за периодот од 2019 до 2021 година. Со тоа и официјално почна постапката за претстојното објавување нов повик за субвенции за авиокомпании кои ќе оперираат од скопскиот и охридскиот аеродром.

Министерот Горан Сугарески рече дека авиокомпаниите ќе имаат обврска до 10 јануари следната година да воспостават база од најмалку еден авион на скопскиот или охридскиот аеродром за периодот за кој се доделува финансиската поддршка, а на кој аеродром сам ќе одлучи. Со претходниот јавен повик, што минатиот месец беше поништен поради административни пречки на единствената понуда од авиокомпанијата „Виз Ер“ беше предвидено задолжително воспоставување на една база на скопскиот и една база на охридскиот аеродром. Условите за новиот повик предвидуваат најдоцна до 10 јануари следната година авиопревозникот да започне со оперирање на најмалку две нови дестинации од аеродромот во Скопје и да ги опслужува за периодот за кој се доделува финансиската поддршка. Воедно треба авиокомпанијата што сака да добие субвенции треба да започне и со оперирање на најмалку четири нови дестинации од охридскиот аеродром, од кои првите две да ги воспостави до 10 јануари следната година, а останатите две во рок од една година по склучувањето на договорот. На секоја нова дестинација што ќе ја воведе авиопревозникот од аеродромот во Охрид претходните две години не требало да има редовна авиолинија.

„Целата постапка за доделување на финансиската поддршка ќе се врши јавно, фер и транспарентно, рече Сугарески, повикувајќи ги сите заинтересирани авиокомпании да се пријават на повикот и изразувајќи уверување дека ќе се избере авиопревозник кој ќе достави најдобра понуда и ќе ги исполнува критериумите.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА