НОВ БИЗНИС: Изнајмуваат службени возила!
Објавено во: Свет 02 Март, 2016
Австриската железница (OeBB) ќе го искористи својот службен возен парк да влезе во бизнисот на изнајмување автомобили.
OeBB планира службните возила, кои се користат послабо, да влезат на рент-а-кар пазарот, најавил директорот на оваа компанија Кристијан Керн.
„Имаме возен парк од околу 600 возила. Нив сакаме да ги интегрираме во нашата понуда на мобилност, со што ќе ги понудиме на нашите корисници на изнајмување по поволни услови“, објаснил тој за виенскиот дневник „Курир“.
Проширувањето на оваа услуга на купување дадатни возила, како што истакнал, не е планирано.
Во моментов се тестираат нови услуги, т.е на вработените во „OeBB“им се нуди можност за изнајмување на возила.