11 Мај, 2024
0.0258

Нокиа си го зачува второто место во глобални рамки

Објавено во: Свет 15 Ноември, 2012

Добивај вести на Viber

Во глобални рамки финската „Нокиа“ сеуште е втор по големина производител на мобилни телефони. Ова го покажуваат најновите податоци што ги обелодени компанијата за анализа „Гартнер“. Според „Гартнер“, постојат два начина да се опише светскиот пазар на мобилни телефони. Доколку се пресмета тоталната продажба на сите модели, како смарт-телефоните така и другите модели, „Нокиа“ и понатаму е втора на листата, по кореанскиот „Самсунг“. „Нокиа“ има 19,2 проценти од светскиот пазар, или 82 милиони продадени единици. Тоа е отприлика половина од продажното ниво кое „Нокиа“ го постигнуваше во своите најдобри денови. „Самсунг“ допира до 22,9 проценти од светскиот пазар и има продадено 98 милиони мобилни телефони. Оддалеченоста од третопласираниот „Епл“ е голема. „Ајфон“ има само 5,5 проценти од светскиот пазар на мобилни телефони. Потоа следи група производители оо 2 до 4 проценти од светскиот пазар. Јапонскиот „Сони“ е во групата „други“, но овој поранешен партнер на шведскиот „Ериксон“ вообичаено има 1,5 проценти од светскиот пазар. Друг начин да се опише пазарот на мобилни телефони е да се прикаже само продажбата на смарт-телефоните. Тие се постојано во пораст и на нив моментно отпаѓа 40 проценти од тоталната продажба на мобилни телефони. Во овој дел најсилна е борбата меѓу „Епл“ и Андроид-фамилијата. Според „Гартнер“, пренесува Шведското радио, тоталната продажба на мобилни телефони во светот бележи пад во две тримесечја по ред. Во текот на третото годинашно тримесечје падот изнесува три проценти, или вкупно 428 мулиони телефони, споредено со истото тримесечје во 2011 година.

Можеби ќе ве интересира

СЕ СЕЛЕЛЕ ПО ПЕТ-ШЕСТПАТИ: Oколу 30.000 луѓе дневно заминуваат од Рафа

СЕ СЕЛЕЛЕ ПО ПЕТ-ШЕСТПАТИ: Oколу 30.000 луѓе дневно заминуваат од Рафа

ПО ОБИДОТ ЗА АТЕНТАТ: Зеленски го разреши главниот телохранител

ПО ОБИДОТ ЗА АТЕНТАТ: Зеленски го разреши главниот телохранител

ПРОСТИТУЦИЈАТА СТАНУВА НОРМАЛНА РАБОТА ВО БЕЛГИЈА! Донесен закон, имаат право на пензија, породилно...

ПРОСТИТУЦИЈАТА СТАНУВА НОРМАЛНА РАБОТА ВО БЕЛГИЈА! Донесен закон, имаат право на пензија, породилно...

КОЈ КОЛКУ ЖИВЕЕ ВО ЕВРОПА: Шпанците живеат најдолго, а Бугарите најкратко

КОЈ КОЛКУ ЖИВЕЕ ВО ЕВРОПА: Шпанците живеат најдолго, а Бугарите најкратко

ДАНОК НА БОГАТСТВО: Еве каде се плаќа

ДАНОК НА БОГАТСТВО: Еве каде се плаќа

Париз: Маж застрелал двајца полицајци откако им го украл пиштолот од полициска станица

Париз: Маж застрелал двајца полицајци откако им го украл пиштолот од полициска станица

„ПАМЕТЕН ГРАД“ НИКНУВА СРЕДЕ НИШТО И КРИЕ СТРАШНА ТАЈНА: Мегапроект вреден милијарди еве за какво чудо станува збор (ВИДЕО)

„ПАМЕТЕН ГРАД“ НИКНУВА СРЕДЕ НИШТО И КРИЕ СТРАШНА ТАЈНА: Мегапроект вреден милијарди еве за какво чудо станува збор (ВИДЕО)

НАЈДЛАБОК НАПАД НА РУСКА ТЕРИТОРИЈА: Украина погоди рафинерија во Башкортостан

НАЈДЛАБОК НАПАД НА РУСКА ТЕРИТОРИЈА: Украина погоди рафинерија во Башкортостан

ДВА ФАКТОРИ ВОДАТ КОН ФАТАЛНИ ПОСЛЕДИЦИ: Во Бангладеш најмалку 74 луѓе загинаа од удари на гром за 38 дена

ДВА ФАКТОРИ ВОДАТ КОН ФАТАЛНИ ПОСЛЕДИЦИ: Во Бангладеш најмалку 74 луѓе загинаа од удари на гром за 38 дена